O epizodi
Crapwerk 20 години Блог - Бојан Николов - Дебели Гикови С03Е30
🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify
Во оваа епизода на Дебели Гикови ни гостуваше Бојан Николов – Crapwerk, човекот кој веќе 20 години стои зад еден од најпрепознатливите блогови за поп-култура во Македонија. 🎙️
Crapwerk зад себе има оставено огромен број текстови, рецензии, ставови и моменти што многумина од нас ги паметат како дел од своето растење во гејминг и поп-културниот свет. Во разговорот се навративме на неговите почетоци, на блогерската сцена, на времето кога текстовите се читаа со посебно внимание, но и на влијанието што Crapwerk го имал врз генерации читатели.
Марио во еден момент откри и нешто лично – дека токму благодарение на Crapwerk денес е тоа што е: гејминг новинар. ❤️
Епизодата отвори еден тон теми и сегменти, но посебно се издвоија разговорите во кои Бојан и Огнен длабоко навлегоа во фамозната Helldivers тема, со многу детали, страст и гиковска анализа каква што ретко се слуша.
Поп-култура, гејминг, блогови, носталгија и многу искрен муабет – ова е епизода за сите што некогаш читале Crapwerk, но и за сите што сакаат да разберат колку е важна една ваква трага во македонската geek-сцена. 👾✨
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / @fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / @goblingamesmk
🧑💻 Base42 / @42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / @bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / RedBullMakedonina
🧘♂️ WellNeo / @wellneo.mk
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #Crapwerk #BojanNikolov #БојанНиколов
Otvori na YouTubeu →