Павле Димковски „ПАКИ“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е29
O epizodi
Паки на Подкаст - Павле Димковски - Дебели Гикови С03Е29
🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify
Во оваа епизода на Дебели Гикови ни гостуваше човек што многумина го знаат од различни страни, но ретко кој ја знае целата приказна зад него – Паки, односно Павле Димковски.
Со Паки зборувавме за сè. Од неговите почетоци, преку „Зад Аголот“, Стојановски Брадрс, „Фчерашни Новости“, „Црнила Ремикс“, па сè до сите оние проекти, улоги, соработки и моменти што го направиле препознатливо име на македонската сцена.
Ова не беше само разговор за кариера. Влеговме длабоко во деталите зад проектите, процесот на создавање, хуморот, сцената, предизвиците, луѓето зад камерите и сè она што публиката најчесто не го гледа.
Но, можеби најинтересниот дел од епизодата е личната страна на Паки. Зборувавме и за неговиот приватен живот, за моменти и приказни што досега ретко или никогаш не биле раскажани јавно.
Една искрена, забавна и длабока епизода со човек што има многу повеќе приказни отколку што може да собере една биографија.
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / @fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / @goblingamesmk
🧑💻 Base42 / @42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / @bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / RedBullMakedonina
🧘♂️ WellNeo / @wellneo.mk
#ДебелиГикови #Паки #ПавлеДимковски
(0:00) - Отварање епизода
(04:30) - Кој е Павле Димковски - Паки
(07:35) - Авантурата на Паки со 7 Red Bull's
(09:00) - Македонски и Странски РАП
(13:00) - Серии на Македонски телевизии
(16:00) - Село Павлешенци
(17:40) - Јадење Еж, Желки и Змии во кафана
(23:25) - Маџарски Кечап
(28:20) - ЗАД АГОЛОТ
(33:20) - Новата песна „ДОЛГ“
(36:30) - Македонски фестивали
(41:00) - Стари Македонски песни
(44:50) - Најдобрите песни и настапи на Зад Аголот
(53:40) - Љубовта кон Народното
(56:40) - Како започна „Стојановски Брадрс“
(01:02:00) - ЦРНИЛА РЕМИКС
(01:12:15) - ФЧЕРАШНИ НОВОСТИ
(01:19:30) - Мешање со Зевзекманија
(01:22:00) - Најдобриот лик од Фчерашни Новости
(01:28:40) - Запознавање со Дуци - Модернизам и Ренесанса
(01:30:40) - Дачијата во Дојран
(01:32:50) - Вежбање, Активност, смалување килажа
(01:40:20) - Стилот на Паки
(01:44:35) - Пинг Понг Екипа
(01:47:15) - Паки Стендап?
(01:48:30) - Дуци Јавување во Живо
(01:49:00) - ЗАВРШЕТОК
Sve epizode
Како настана рубриката "Фала Многу Пријатно" што е ептен лежечки формат 🛌📸
Кога @crapwerk ќе ја издаде втората игра 🤔🎮
Стрип Трип 2026 - Специјал Дебели Гикови Подкаст
Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2026, највозбудливиот и најголемиот Стрип и Гик фестивал во Македонија! 🎉 Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на…
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Последната епизода од Сезона 3 на „Дебели Гикови Подкаст“ е тука како …
Гораст Цветковкси - Дебели Гикови Подкаст | С03Е32
🎮🔥 Во претпоследната епизода од подкастот „Дебели Гикови“ ни гостуваше нашиот пријател и еден од најактивните луѓе во македонската гејминг индустрија – Гораст Цветковски. 🎙️ 🕹️ Со Гораст разговаравме за организирањето …
Давор Драмиќанин - Дебели Гикови Подкаст | С03Е31
Што ќе има на Стрип Трип 2026 - Давор Драмиќанин - Дебели Гикови С03Е32 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во оваа епизода разговараме со Давор Драмиќанин за сè што љубителите на стрип-културат…
