Дебели Гикови · 1 h 48 min

Сибел Абдиу - Дебели Гикови Подкаст | С03Е28

07. 05. 2026. · 150 epizoda
O epizodi

Со серијата „Чаршија“ градиме еднаквост - Сибел Абдиу - Дебели Гикови С03Е28

🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify

🎙️ Во новата епизода на „Дебели Гикови“ ни гостуваше Сибел Абдиу, режисерка чија приказна започнува многу пред сцената, камерите и сериите.

Со Сибел разговаравме за нејзиното детство, за тоа како е да се расте во мешан брак, со турска и албанска националност, но истовремено да се учи, живее и создава и на македонски јазик. Зборувавме за идентитетот, јазиците, културите и сите оние мали и големи моменти кои го обликуваат човекот уште од најрана возраст. 🌍

Разговорот нè однесе и кон нејзините студии по англиска книжевност, но и кон моментот кога Сибел го пронаоѓа својот пат во режијата. Иако влегува и во светот на сериите, нејзиниот главен фокус останува театарот – сцената, актерите, процесот и магијата што се создава пред публика. 🎭

Најголемиот дел од епизодата го посветивме на серијата „Чаршија“. Со Сибел зборувавме за продукцискиот процес, за предизвиците зад камерата, за работата со екипата, но и за суштината на серијата – пораката што ја носи. „Чаршија“ не е само серија, туку приказна за зближување, разбирање, еднаквост и заеднички живот. ❤️

Разговаравме и за тоа како серијата ги спојува различните народи и заедници што живеат кај нас, токму затоа што е наменета за сите. Во време кога често се зборува за поделби, „Чаршија“ потсетува дека има многу повеќе нешта што нè поврзуваат отколку што нè раздвојуваат. ✨

Епизода за детството, културите, јазиците, театарот, режијата, телевизијата и една „Чаршија“ што зборува на јазикот на сите нас.

✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:

🍔 Fat Kitchen Bistro / @fatkitchenbistro ​
🎲 Гоблин Гејмс / @goblingamesmk ​
🧑‍💻 Base42 / @42dotmk ​
🎂 Bento Bloom Cakes / @bento.bloom.cakes ​
🪽 Red Bull Македонија / RedBullMakedonina
🧘‍♂️ WellNeo / @wellneo.mk

#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #SibelAbdiu #Чаршија #Charsija

(0:00) - Отварање епизода
(04:00) - Која е Сибел Абдиу
(05:30) - Студирање Англиска Книжевност и Режија
(06:50) - Учење на многу јазици симултано
(08:50) - Дете растено во мешан брак
(10:40) - Изборот за студирање на Книжевност
(14:00) - Претстави во Турски Театар
(17:00) - Работа и режија во Турски театар
(21:15) - Едни од најдобрите актери
(22:00) - Зграда на Турски Театар
(23:35) - Режија во театар во Турција
(25:40) - Целиот процес на режирање претстави и филмови
(30:20) - Едукативниот систем и конкуренцијата во Турција
(31:50) - Machina Productions
(33:40) - Како работи Продукцијата во Театар
(38:50) - Првиот проект креиран од Machina Prodictions
(40:00) - Серијата „ЧАРШИЈА“
(50:00) - Техничкиот дел зад серијата „Чаршија“
(54:30) - Актерската Екипа во „Чаршија“
(55:15) - Кастинг е 60% од работата
(56:40) - Сетот за снимање на „Чаршија“
(56:40) - Чаршијата ги спојува сите култури
(01:00:10) - Епизодата со Песната во „Чаршија“
(01:03:40) - Епизодата со Хонда и Аксел Мехмет
(01:03:35) - Чаршија Сезона 2, какви теми ќе има
(01:08:00) - Чаршија е ексклузивно за Социјални Медиуми и Јутјуб
(01:11:15) - Чаршија наликува на Saturday Night Live
(01:12:40) - Во Македонија треба остра комедија
(01:14:38) - ЕПП со Дебели Гикови
(01:16:00) - Колку серијата „Чаршија“ би ги допрела странцит
(01:20:00) - Влогери кои патуваат
(01:23:15) - Серијата Чаршија за Туристите
(01:24:15) - Чаршијата Живна
(01:25:30) - Формулата на MrBeast
(01:28:00) - Живеење во Истанбул
(01:30:45) - Истанбул никогаш не спие
(01:31:45) - Случка во Истанбул со Агресивни Галеби
(01:36:00) - Нови проекти после серијата „Чаршија“
(01:36:50) - Најдобриот соживот во Македонија
(01:38:15) - Дали ќе се врати културата на Телевизиит
(01:41:00) - Новите генерации ќе направат добра иднина
(01:44:50) - Дебели Гикови во серијата „Чаршија“?
(01:46:30) - ЗАВРШЕТОК

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

05. 11. 2026. · 2 h 7 min

Историјатот на He-Man and the Masters of the Universe - Дебели Гиокви Подкаст | S04E06

Историјатот на He-Man and the Masters of the Universe - Дебели Гиокви Подкаст | S04E06 🔴🎤 🗡️ Со нашите многу драги пријатели и претставници на заедницата „Воен Чекан“, Рики и Нено секогаш муабетот ми е најдобар. Но за…

29. 10. 2026. · 1 h 10 min

Матеа Јанковска - Дебели Гикови Подкаст | С04Е05

Матеа Јанковска - Дебели Гикови Подкаст | С04Е05 🔴🎤 🎶 Со Матеа Јанковска си направивме прекрасни и длабоки муабети за нејзината кариера во актерството, нејзините почетоци, нејззините најголеми успеси и достигнувања. Р…

22. 10. 2026. · 1 h 30 min

ДУПЕР - Дебели Гикови Подкаст | С04Е04

ДУПЕР - Дебели Гикови Подкаст | С04Е04 🔴🎤 🎶 Со Дупер си направивме прекрасни и длабоки муабети за нивната музика, соработката со Скопско, но генерално фокусот го ставивме кон „Б-Страната“ на Дупер да видите какви Гико…

15. 10. 2026. · 1 h 19 min

Дина Јашари - Дебели Гикови Подкаст | С04Е03

Дина Јашари - Дебели Гикови Подкаст | С04Е03 🔴🎤 🎶 Со Дина Јашари си направивме прекрасни и длабоки муабети за нејзината музика, уметноста во светот и кај нас, предизвиците со кои се соочува македонската алтернативна с…

08. 10. 2026. · 1 h 43 min

Модернизам и Ренесанса, Син на Мајка & 1Човек Златна Тројка - Дебели Гикови Подкаст | S04E02

Модернизам и Ренесанса, Син на Мајка & 1Човек Златна Тројка - Дебели Гикови Подкаст | S04E02 🔴🎤 🎭 Не знаеме како, но успеавме златната тројка да ја сместиме кај нас во студио сите заедно и да имаме смеење до солзи 😂 …

01. 10. 2026. · 1 h 46 min

Горан Ников - Дебели Гикови Подкаст | С04Е01

Горан Ников - Дебели Гикови Подкаст | С04Е01 🔴🎤 🎭 Од цртеж до сцена, од факултет на голем проект, и од нормален разговор до… па, знаете 😂 Во оваа епизода на Дебели Гикови ни гостува еден од најдобрите актери што изгле…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku