O epizodi
Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостува нашата драга пријателка Радмила Бошкова — една од најголемите двигатели и промотери на Dungeons & Dragons во Македонија, како и сопственик и основач на првата специјализирана D&D продавница кај нас - Cantrip. 🎲
Со Радмила навлеговме подлабоко во универзумот на D&D, не само низ призмата на тоа како се игра, туку и низ неговото многу поголемо влијание — психологијата зад играта, тежината што ја носи.
Дополнително креативноста што ја отвора и значењето што може да го има за луѓето кои ѝ се посветуваат. Зборувавме и за нејзините први почетоци со D&D, за патот до создавањето на Cantrip, но и за можноста да добиеме втора сезона на снимање D&D на македонски јазик!
Епизода за сите што веќе го сакаат D&D, но и за тие што сакаат конечно да разберат зошто оваа игра значи толку многу.
Следете нѐ, лајкнете, споделете и пишете ни дали сакате втора сезона D&D на македонски!
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / @fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / @goblingamesmk
🧑💻 Base42 / @42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / @bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / RedBullMakedonina
🧘♂️ WellNeo / @wellneo.mk
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #Cantrip #CantripSkopje #RadmilaBoshkova
Otvori na YouTubeu →