O epizodi
Актерката со домашна, балканска но и светска кариера - Сара Климоска - Дебели Гикови Подкаст С03Е24 🎬🎭
Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст, ни беше огромна чест што ја имавме Сара Климоска, една од најуспешните македонски глумици со кариера што остава белег и на домашната сцена, и на балканско, па и на светско ниво.
Со Сара разговаравме за уметноста во многу нејзини форми, но секако со посебен фокус на актерството. Зборувавме за разликите и убавината на глумата на филм и на театар, за нејзините омилени проекти, како и за тоа како изгледа целиот процес кога таа е во улога на режисер.
Навлеговме и во подлабоки теми како тоа што ѝ недостига на Македонија за да се изгради поголема култура на гледање домашни филмови, но и колку е важно повеќе да ја вреднуваме домашната уметност.
Секако, зборувавме и за искуството да се работи со еден од најголемите македонски режисери, Милчо Манчевски, како и за идниот проект „Збогум, Копа Кабано“, кој најверојатно ќе го гледаме следната година.
Уживајте во една навистина посебна епизода со Сара Климоска.
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / @fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / @goblingamesmk
🧑💻 Base42 / @42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / @bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / RedBullMakedonina
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #СараКлимоска #SaraKlimoska
Otvori na YouTubeu →