Владе Илиевски „ХК Скопје Стадо“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е20
O epizodi
Хокеј се враќа во Скопје - Владе Илиевски „ХК Скопје Стадо“ - Дебели Гикови Подкаст С03Е20
🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ ЛИНК ВО БИО 🔴
Овојпат имаме гостин што совршено ги спојува две работи што ги сакаме: спорт што кај нас е „андердог“ и гиковска страст што не се гаси. Со нас е Владе Илиевски, голман на новиот хокејарски клуб во Македонија „Скопје Стадо“ 🏒🧤
Во првиот дел од епизодата одиме максимално директно во темата хокеј во Македонија, како изгледа реалната слика на терен и зошто овој спорт кај нас е на многу слабо ниво, со куп проблеми што се влечат со години. Зборуваме и за негативните моменти и сопки што доаѓаат од најбитните структури и организации, како и за тоа што значи кога спортот нема систем, поддршка и јасна насока.
Но, не остануваме само на критика. Владе ни објаснува и како реално се игра хокеј, кои се основните правила, што значат клучните термини.
Ама… бидејќи сме Гиковски подкаст, нормално дека не завршуваме тука 😄
Владе е екстремно голем гик, па втората половина од епизодата ја претвораме во чиста „Дебели Гикови“ зона: игри, филмови/серии, поп-култура, гејмерски муабети и што сè не, со типичниот наш хаос, хумор и енергија.
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / goblingamesmk
🧑💻 Base42 / 42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / redbullmakedonija
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #СкопјеСтадо #Hockey #SkopjeHockey
Sve epizode
Како настана рубриката "Фала Многу Пријатно" што е ептен лежечки формат 🛌📸
Кога @crapwerk ќе ја издаде втората игра 🤔🎮
Стрип Трип 2026 - Специјал Дебели Гикови Подкаст
Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2026, највозбудливиот и најголемиот Стрип и Гик фестивал во Македонија! 🎉 Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на…
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Последната епизода од Сезона 3 на „Дебели Гикови Подкаст“ е тука како …
Гораст Цветковкси - Дебели Гикови Подкаст | С03Е32
🎮🔥 Во претпоследната епизода од подкастот „Дебели Гикови“ ни гостуваше нашиот пријател и еден од најактивните луѓе во македонската гејминг индустрија – Гораст Цветковски. 🎙️ 🕹️ Со Гораст разговаравме за организирањето …
Давор Драмиќанин - Дебели Гикови Подкаст | С03Е31
Што ќе има на Стрип Трип 2026 - Давор Драмиќанин - Дебели Гикови С03Е32 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во оваа епизода разговараме со Давор Драмиќанин за сè што љубителите на стрип-културат…
