Дебели Гикови · 2 h 47 min

Владимир Благојевиќ „Владодлак“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е17

12. 02. 2026. · 150 epizoda
O epizodi

Колку навистина ја цениме нашата историја и култура? - Дебели Гикови Подкаст С03Е17 🎙

🔴📆 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 📆🔴

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст ни доаѓа човек што буквално живее на пресекот меѓу култура, историја, уметност и поп-култура, Владимир Благојевиќ „Владодлак“, дипломиран етнолог и долгогодишен музејски едукатор/водич, а паралелно и автор што црта, моделира, прави накит, илустрации и проекти на скопската сцена 🖼

Оваа епизода е буквално патување низ целата негова кариера: од детството и легендарните моменти кога „краделе книги“ меѓусебе за да ја хранат љубопитноста, па сè до студирањето Етнологија. Длабоко зборувавме за тоа колку е важна етнологијата, зошто треба да има место во образованието и како преку неа подобро се разбира народот, традицијата и идентитетот 🧙‍♂️

Отворивме и големо прашање: дали ние како Македонци навистина си ја цениме историјата и културата, или само збориме за нив кога ќе треба. Нормално, паднаа и премногу историски факти и патувања низ времето: древни цивилизации, Александар Македонски, Викинзите и уште куп приказни што ќе ве натераат да гуглате после епизодата 😄

Еден од најјаките делови е музејот: како изгледа работата таму, колку е тешка и одговорна, и најважното - дали може да се направи „филмска“ кражба и колку од тоа што го гледаме во филмови и серии е реално. А кога сме кај тоа, дискутиравме и за куп филмови и серии што одлично се врзуваат со темиве.

За крај, промоција и муабет за стрипот „ЛОМ“, и искрено… како собраxме толку работи во една епизода — ни ние не знаеме 😂🎙️

Без нив никаде:

🍔 Fat Kitchen Bistro ​
🎲 Гоблин Гејмс
🧑‍💻 Base42
🎂 Bento Bloom Cakes
🪽 Red Bull Македонија

P.S.

Благодарност до @voenchekanofficial што оставија една "Античка Ворхемерска Црква" за сценографија 😂💖

#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #Владодлак #ВладимирБлагојевиќ

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

14. 06. 2026. · 1 h 11 min

Стрип Трип 2026 - Специјал Дебели Гикови Подкаст

Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2026, највозбудливиот и најголемиот Стрип и Гик фестивал во Македонија! 🎉 Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на…

11. 06. 2026. · 1 h 49 min

Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ

Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Последната епизода од Сезона 3 на „Дебели Гикови Подкаст“ е тука како …

04. 06. 2026. · 1 h 45 min

Гораст Цветковкси - Дебели Гикови Подкаст | С03Е32

🎮🔥 Во претпоследната епизода од подкастот „Дебели Гикови“ ни гостуваше нашиот пријател и еден од најактивните луѓе во македонската гејминг индустрија – Гораст Цветковски. 🎙️ 🕹️ Со Гораст разговаравме за организирањето …

28. 05. 2026. · 1 h 36 min

Давор Драмиќанин - Дебели Гикови Подкаст | С03Е31

Што ќе има на Стрип Трип 2026 - Давор Драмиќанин - Дебели Гикови С03Е32 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во оваа епизода разговараме со Давор Драмиќанин за сè што љубителите на стрип-културат…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku