Владимир Благојевиќ „Владодлак“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е17
O epizodi
Колку навистина ја цениме нашата историја и култура? - Дебели Гикови Подкаст С03Е17 🎙
🔴📆 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 📆🔴
Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст ни доаѓа човек што буквално живее на пресекот меѓу култура, историја, уметност и поп-култура, Владимир Благојевиќ „Владодлак“, дипломиран етнолог и долгогодишен музејски едукатор/водич, а паралелно и автор што црта, моделира, прави накит, илустрации и проекти на скопската сцена 🖼
Оваа епизода е буквално патување низ целата негова кариера: од детството и легендарните моменти кога „краделе книги“ меѓусебе за да ја хранат љубопитноста, па сè до студирањето Етнологија. Длабоко зборувавме за тоа колку е важна етнологијата, зошто треба да има место во образованието и како преку неа подобро се разбира народот, традицијата и идентитетот 🧙♂️
Отворивме и големо прашање: дали ние како Македонци навистина си ја цениме историјата и културата, или само збориме за нив кога ќе треба. Нормално, паднаа и премногу историски факти и патувања низ времето: древни цивилизации, Александар Македонски, Викинзите и уште куп приказни што ќе ве натераат да гуглате после епизодата 😄
Еден од најјаките делови е музејот: како изгледа работата таму, колку е тешка и одговорна, и најважното - дали може да се направи „филмска“ кражба и колку од тоа што го гледаме во филмови и серии е реално. А кога сме кај тоа, дискутиравме и за куп филмови и серии што одлично се врзуваат со темиве.
За крај, промоција и муабет за стрипот „ЛОМ“, и искрено… како собраxме толку работи во една епизода — ни ние не знаеме 😂🎙️
Без нив никаде:
🍔 Fat Kitchen Bistro
🎲 Гоблин Гејмс
🧑💻 Base42
🎂 Bento Bloom Cakes
🪽 Red Bull Македонија
P.S.
Благодарност до @voenchekanofficial што оставија една "Античка Ворхемерска Црква" за сценографија 😂💖
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #Владодлак #ВладимирБлагојевиќ
Sve epizode
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Од авторите на „Дебели Гикови“ најголемиот поп културен подкаст во Македонија, доаѓа фанмејд муви креиран со многу љубов и н…
Слаѓана Вујошевиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е03
Слаѓана Вујошевиќ - Светот на Биби - Дебели Гикови С03Е03 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода имавме чест да разговараме со Слаѓана Вујошевиќ, гласот на Биби од „Светот на Биби“, една од најпознатите…
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01
Горан Николов - Дебели Гикови Подкаст | С03Е02
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода разговараме со Горан Николов – еден од најпознатите професионални FPV пилоти во Македонија. Горан веќе …
Гиковски Неделник #13 🚀📺
Ана Здравкова - Дебели Гикови Подкаст | С03Е01
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода гостинка ни е Ана Здравкова – девојка со многу таленти и професии, и во рамки на гејминг светот и …
