Владимир Благојевиќ „Владодлак“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е17
O epizodi
Колку навистина ја цениме нашата историја и култура? - Дебели Гикови Подкаст С03Е17 🎙
🔴📆 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 📆🔴
Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст ни доаѓа човек што буквално живее на пресекот меѓу култура, историја, уметност и поп-култура, Владимир Благојевиќ „Владодлак“, дипломиран етнолог и долгогодишен музејски едукатор/водич, а паралелно и автор што црта, моделира, прави накит, илустрации и проекти на скопската сцена 🖼
Оваа епизода е буквално патување низ целата негова кариера: од детството и легендарните моменти кога „краделе книги“ меѓусебе за да ја хранат љубопитноста, па сè до студирањето Етнологија. Длабоко зборувавме за тоа колку е важна етнологијата, зошто треба да има место во образованието и како преку неа подобро се разбира народот, традицијата и идентитетот 🧙♂️
Отворивме и големо прашање: дали ние како Македонци навистина си ја цениме историјата и културата, или само збориме за нив кога ќе треба. Нормално, паднаа и премногу историски факти и патувања низ времето: древни цивилизации, Александар Македонски, Викинзите и уште куп приказни што ќе ве натераат да гуглате после епизодата 😄
Еден од најјаките делови е музејот: како изгледа работата таму, колку е тешка и одговорна, и најважното - дали може да се направи „филмска“ кражба и колку од тоа што го гледаме во филмови и серии е реално. А кога сме кај тоа, дискутиравме и за куп филмови и серии што одлично се врзуваат со темиве.
За крај, промоција и муабет за стрипот „ЛОМ“, и искрено… како собраxме толку работи во една епизода — ни ние не знаеме 😂🎙️
Без нив никаде:
🍔 Fat Kitchen Bistro
🎲 Гоблин Гејмс
🧑💻 Base42
🎂 Bento Bloom Cakes
🪽 Red Bull Македонија
P.S.
Благодарност до @voenchekanofficial што оставија една "Античка Ворхемерска Црква" за сценографија 😂💖
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #Владодлак #ВладимирБлагојевиќ
Sve epizode
📺🚀 Гиковски Неделник со Марио на Дебели Гикови #10
📺🚀 Гиковски Неделник со Марио на Дебели Гикови #8
Николај Јанушев - Дебели Гикови | T-Esports Championship (СПЕЦИЈАЛ)
🎮 Подгответе се за доза гејмерска енергија! Во оваа епизода на „Дебели Гикови Подкаст“ се збори за нешто многу големо – T-Esport Championship 2025! 👉 Регистрирација и повеќе детали за турнирот тука: https://www.telekom…
📺🚀 Гиковски Неделник со Марио на Дебели Гикови #7
📺🚀 Гиковски Неделник со Марио на Дебели Гикови #6
„Хроники на Златниот Даб“ - ФИНАЛЕ - Eпизода 4 | Дебели Гикови и Пријателите
🎲 Добредојдовте во четвртата но и финалната епизода од рубриката „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Оваа авантура беше каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација!…
📺🚀 Гиковски Неделник со Марио на Дебели Гикови #5
„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 3 | Дебели Гикови и Пријателите
🎲 Добредојдовте во третата епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добр…
📺🚀 Гиковски Неделник со Марио на Дебели Гикови #4
„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 2 | Дебели Гикови и Пријателите
🎲 Добредојдовте во втората епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добр…
