Дебели Гикови · 2 h 34 min

Гоце Велески - Дебели Гикови Подкаст | С03Е13

25. 12. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

Гоце Велески - Логотворец или Логокрадец? - Дебели Гикови С03Е13

🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴

Со последната епизода за 2025 година, ја затвораме годината баш како што треба, со многу смеа, опуштен новогодишен вајб и гостин кој никого не остава рамнодушен! 💥

Во последната епизода за оваа година го имавме Гоце Велески, нашиот познат дизајнер, лого креатор и „логотворец“, човек што многумина го знаат и по неговиот Јутјуб канал каде често настапува директно, остро и без филтер. Или народски кажано - Без влакна на јазик! 👅

Разговорот не беше само „дизајнерски“. Напротив, фативме милион различни теми, се смеевем до солзи, имавме комедија и моменти што звучат како да сме на вистински лабав подкаст! 🎤

Но сепак, главниот фокус остана таму каде што треба: на Гоце, неговата работа и неговиот животен и кариерен пат. Зборувавме за почетоците и како се гради име во креативната индустрија, неговите начини на размислување и пристапи кон дизајн, најголемите успеси, искуства и инспиративни приказни што стојат позади логата... 🎨

И секако дека моравме да ја отворивме темата за проблемот со логото на МКЦ, што предизвика многу реакции и прашања 🧩

А за крај, новогодишно и „гиковски“ зборувавме и за неговиот следен проект „Логотворница“, како и за легендарното прашање: дали некогаш ќе се вратат “ОМајГад” маичките? 😄

Ова е епизода што има сè: искрен муабет, хаос, смеа, култни моменти и сериозни теми! Баш затоа што е новогодишна и последна за годинава.

Пушти ја, смести се удобно и ајде да ја затвориме 2025 со стил 🎄✨

00:00 - Вовед
05:30 - СПОНЗОРИ
09:00 - Кремирање?!
11:30 - Новогодишни желби
12:30 - Најдобри КЕБАПИ во Скопје
15:00 - Кој е Гоце Велески
19:15 - Гејминг Муабети
22:30 - Алтернативната сцена во Скопје
28:48 - Првите почетоци во кариерата
30:10 - Рап групата FIST
31:25 - Први дизајни
38:20 - Македонски производи
41:05 - СЕЈФ СИТИ
43:00 - Јутјуб кариера
48:00 - Маркетинг Агенциите во Македонија
55:30 - Најдобрите кампањи во Македонија
59:00 - Проблеми со Хејтери
1:01:00 - Најдобрите дизајнери
1:02:30 - Политичките кампањи
1:07:00 - Проблемите со Adobe
1:10:00 - За дизајн нема работно време
1:15:00 - ЕДНО Е СКОПСКО (Кампања)
1:18:20 - Камапњи за „Нишко Пиво“
1:20:35 - 35 години Родео
1:24:35 - ЕПП (Економско пропагандна програма)
1:28:30 - Чамче муабети
1:32:00 - Колку е битно кампања за градење бренд
1:36:30 - Најгледано видео
1:38:20 - Кока Кола Фонт Видео
1:47:00 - Не го почитуваме Јазикот
1:51:30 - МКЦ ЛОГО
2:01:50 - О МАЈ ГАД Маички
2:05:00 - Скопско Звучи Супер
2:09:00 - 100 Години Скопско
2:11:00 - Приказните зад секое Лого
2:16:30 - Колку е битно логото за брендот
2:20:00 - УМЕТНОСТА
2:22:00 - Најдоброто Лого
2:24:00 - Логотворница
2:30:30 - ОДЈАВА

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

06. 02. 2025. · 1 h 42 min

Драган Китановски „ДРАШ“ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е16

Дебелите Гикови се мега гига фанови на уместност и секоја култура што е достапна во Скопје па и низ целата земја, а реално и целиот свет. И по тој повод на гости го имаа човекот кој што цел град знае за него, човекот ко…

30. 01. 2025. · 2 h 27 min

Бобан Стојчевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е15

Дебелите Гикови официјално во студио донесоа една личност којашто е целосно во нивниот калибар, и во големина и во гиковина! „Гиковина“ тоа е добар збор, можеби треба да се запише и во речник. Дебели Гикови на гости ов…

23. 01. 2025. · 1 h 26 min

Чамче Муабети со Марио и Огнен - Дебели Гикови Подкаст | С02Е14

Дебелите Гикови се разбудија од своите зимски сонови и официјално се вратија во прекрасното студио на Радио МОФ каде што ја снимија првата епизода за оваа интересна 2025 година што следи. За жал, или за среќа, оваа епи…

31. 12. 2024. · 1 h 59 min

Новогодишна епизода „Брат Брата Не Рани“ - Дебели Гикови СПЕЦИЈАЛ🎄

ДЕБЕЛИ ГИКОВИ ПОДКАСТ - СПЕЦИЈАЛНА НОВОГОДИШНА ЕПИЗОДА - "Брат Брата Не Рани, Тешко е Да си Гик" Официјално Дебелите Гикови @ninjamonkeyy и @ognenz ја испраќаат оваа прекрасна и успешна 2024 година која што ќе ја памет…

26. 12. 2024. · 2 h 27 min

Дамјан Ѓоргиевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е13

Иии официјално дојдовме до самиот крај на оваа прекрасна и интересна година, најдобрата година за Дебелите Гикови и нивната кареира. Да се заврши годината како што треба, Дебели Гикови на гости го имаа познатиот артист…

19. 12. 2024. · 2 h 40 min

Tonyo San - Дебели Гикови Подкаст | С02Е12

Хип-хоп е музички правец кој настанал во САД во 70-тите години на претходниот век, и станал дел од модерната култура во 80-тите. Воглавно се состои од следниве неколку елементи: Рецитирање (MCing), Продукција и скречува…

12. 12. 2024. · 2 h 8 min

Final Frontier Games - Дебели Гикови Подкаст | С02Е11

Друштвените игри се популарни во светот па и во Македонија веќе со години, и може комотно да се каже дека сите имаме растено со друштвени игри! Ризик, Монопол, Не Лути Се Човече, Катан, сите овие се доста звучни игри, н…

09. 12. 2024. · 58 min

🔴 LIVE: Pagoda - Shōnen: Becoming the Hero - ДЕБЕЛИ ГИКОВИ

Вистинска свежина и дополнителна енергија на овој настан ќе внесат нашите пријатели, водителите на македонскиот поткаст за geek култура, Дебели Гикови! 🧡 Со пренос во живо, водење трибини, возбудливи активности, квизов…

05. 12. 2024. · 2 h 34 min

Гоце Цветановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е10

Пред нешто помалку од еден век, во далечната 1937 година, студиото Волт Дизни го направи првиот долгометражен анимиран филм и му го претстави на светот како нешто ново коешто ја промени иднината засекогаш. Се работи за …

28. 11. 2024. · 1 h 58 min

Archona Games - Дебели Гикови Подкаст | С02Е09

Друштвените игри се популарни во светот па и во Македонија веќе со години, и може комотно да се каже дека сите имаме растено со друштвени игри! Ризик, Монопол, Не Лути Се Човече, Катан, сите овие се доста звучни, и си…

22. 11. 2024. · 2 h 23 min

Тео „Мартео“ Марковиќ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е08

Убавината кај секој уметник и визиноер е да створиш нешто што ќе остави белег во светот и ќе живее вечно! На гости оваа епизода Дебелите Гикови го имаа „Тео Марковиќ (Мартео)“ каде што главниот дел од разговорот беше ла…

14. 11. 2024. · 2 h 5 min

Гоблин Друштвени Игри - Дебели Гикови Подкаст | С02Е07

Доколку навлеземе длабоко во историјата на друштвените игри, може да видиме дека првата таква игра е направена некаде пред околу 4600 години во древна Месопотамија. Станува име за играта „The Royal Game of Ur“. Некаде…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku