Георги М. Унковски - Дебели Гикови Подкаст | С03Е12
O epizodi
Георги М. Унковски - DJ Ahmet, Буквождер, Налепница - Дебели Гикови С03Е12
🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴
Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостуваше режисерот и автор Георги М. Унковски, со кого направивме патување низ неговата приказна, од раѓањето во Њујорк, па сè до денес 🗽🎬
Разговорот почнува од најраните години, кога Георги од мали нозе ги прави првите аматерски филмови снимени на касети, продолжува со неговото студирање во САД, а потоа и со мастер студиите во Прага, каде што во тој период работи на еден од првите трудови што ги поврзуваат видеоигрите и филмската индустрија.
Длабоко навлеговме и во неговата работа на филмски и телевизиски проекти – од филмот „Пепи и Муто“, преку фантастичната серија „Фчерашни Новости“, до режирањето епизоди за „Преспав“. Зборувавме и за филмот „Налепница“ и неговото појавување на Санденс, како и за најновото филмско дело „Диџеј Ахмет“.
А кога стигнавме до „Диџеј Ахмет“ влеговме во многу сериозни и длабоки теми што навистина не смеете да ги пропуштите.
ПОДКАСТОТ Е ПОДДРЖАН ОД: @fatkitchenbistro @goblingamesmk @bento.bloom.cakes @42dotmk & @redbullmakedonija
🎙 Водители на подкаст: @ninjamonkeyy & @ognenz
#ДебелиГикови #DjAhmet #GeorgiUnkovski
Sve epizode
Како настана рубриката "Фала Многу Пријатно" што е ептен лежечки формат 🛌📸
Кога @crapwerk ќе ја издаде втората игра 🤔🎮
Стрип Трип 2026 - Специјал Дебели Гикови Подкаст
Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2026, највозбудливиот и најголемиот Стрип и Гик фестивал во Македонија! 🎉 Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на…
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Последната епизода од Сезона 3 на „Дебели Гикови Подкаст“ е тука како …
Гораст Цветковкси - Дебели Гикови Подкаст | С03Е32
🎮🔥 Во претпоследната епизода од подкастот „Дебели Гикови“ ни гостуваше нашиот пријател и еден од најактивните луѓе во македонската гејминг индустрија – Гораст Цветковски. 🎙️ 🕹️ Со Гораст разговаравме за организирањето …
Давор Драмиќанин - Дебели Гикови Подкаст | С03Е31
Што ќе има на Стрип Трип 2026 - Давор Драмиќанин - Дебели Гикови С03Е32 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во оваа епизода разговараме со Давор Драмиќанин за сè што љубителите на стрип-културат…
