Дебели Гикови Специјал - Крај на Сезона 2 🎉
O epizodi
Дебели Гикови Специјал - Крај на Сезона 2 🎉
🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴
После две неверојатни сезони, исполнети со смеење, гејминг, поп култура, гостувања и чиста гик енергија, дојдовме до крајот на Втората сезона на Дебели Гикови Подкаст!
Ова видео не е ништо спектакуларно, не очекувајте големи изненадувања или специјални ефекти. Тука е само за да ја одбележи последната епизода и крајот на оваа сезона! Искрено и скромно, со пијачки во нашето омилено местенце „Буква“.
Ова е наше мало, но големо фала до сите што не следевтем не поддржувавте, не критикувавте и не споделувавте цело време! До сите што ни ги пуштавте видеата веднаш кога ги објавувавме, до сите вас којшто фрчевте со лајкови, што остававте коментари и сугестии! За сите пишани пораки, и за сите незаборавни моменти!
Вие сте причината зошто продолжуваме. Благодарност до сите што бевте дел од снимањата, што влегувавте во кадар или што стоевте зад камерите, до сите што дојдоа во „Буква“ да ни дадат поддршка со збор, со пијачка, и со насмевка.
Оваа епизода, и ова видео, не е тука за да бидат спектакл, тука е за да го фатат тој момент, моментот на завршување, на пријателство, на почит и љубов кон она што го правиме. Ги завршуваме овие две сезони полни срца и со огромна мотивација.
Ќе си одмориме малку летово (НЕ, НЕМА), ќе наполниме батерии, и од октомври, се враќаме со ТРЕТАТА СЕЗОНА! Се гледаме повторно таму каде што најмногу сакаме да бидеме – пред микрофоните, со гиковите, и со сите вас!
🎙 Дебели Гикови Подкаст
Powered by:
@goblingamesmk @fatkitchenbistro + многу други
#ДебелиГикови #дебелигиковиподкаст #ДебелиГикови #дебелигиковиподкаст #Подкаст #debeligikovi #debeligikovipodcast #podcast #MakedonskiPodcast #madeinmacedonia #Macedonia #Македонија #Makedonija #Popculture #MacedoniaPopculture #popculturemoments
Sve epizode
Како настана рубриката "Фала Многу Пријатно" што е ептен лежечки формат 🛌📸
Кога @crapwerk ќе ја издаде втората игра 🤔🎮
Стрип Трип 2026 - Специјал Дебели Гикови Подкаст
Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2026, највозбудливиот и најголемиот Стрип и Гик фестивал во Македонија! 🎉 Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на…
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Последната епизода од Сезона 3 на „Дебели Гикови Подкаст“ е тука како …
Гораст Цветковкси - Дебели Гикови Подкаст | С03Е32
🎮🔥 Во претпоследната епизода од подкастот „Дебели Гикови“ ни гостуваше нашиот пријател и еден од најактивните луѓе во македонската гејминг индустрија – Гораст Цветковски. 🎙️ 🕹️ Со Гораст разговаравме за организирањето …
Давор Драмиќанин - Дебели Гикови Подкаст | С03Е31
Што ќе има на Стрип Трип 2026 - Давор Драмиќанин - Дебели Гикови С03Е32 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во оваа епизода разговараме со Давор Драмиќанин за сè што љубителите на стрип-културат…
