Дебели Гикови · 2 h 0 min

Александар Михајловски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е32

12. 06. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

Александар Михајловски - Син на Мајка - Дебели Гикови С02Е32

🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴

Во оваа ексклузивна епизода на Дебели Гикови Подкаст, чест ни беше што гостин ни беше Александар Михајловски, на јавноста познат и како Хонда – актер, креатор на урнебесни видеа, но и страствен гејмер со богато сценско искуство!

Разговорот го започнуваме со неговиот неверојатен подем на Инстаграм, каде што со голем број на креативни видеа и автентични ликови како Рики Бандаж, Цеце Фит, Перо Муња, и многу други – успеа да освои илјадници следбеници и да собере милиони прегледи. Откриваме како се родија тие карактери, од каде црпи инспирација и што значи да се биде автентичен во време кога сите се обидуваат да бидат „релевантни“.

Но, зад камерата и хуморот, се крие вистински гиковски дух. Затоа следниот дел од епизодата го посветивме на неговата љубов кон видеоигрите – од првите доживувања со игри како дете, преку сите генерации на конзоли, па сè до денешниот гејминг живот. Муабетот е исполнет со анегдоти, сеќавања и споредби помеѓу старото и новото гејмерско време.

Капнаа машки солзи на третиот дел...

Третиот фокус ни е можеби и најдлабокиот – актерската кариера на Хонда. Разговараме за неговото образование, искуствата со различни претстави, и посебно се задржуваме на неговата улога во моќната и ангажирана театарска претстава „Ничија Земја“.

Нема многу да кажеме за него, сакаме да го запознаете директно од подкастот којшто го направивме ❤️

📺 Секоја недела нова епизода ексклузивно на YouTube каналот: Дебели Гикови

🎙 Дебели Гикови Подкаст

Powered by:
@goblingamesmk @fatkitchenbistro

0:00 - СТАРТ
00:01:20 - Првиот надимак - Франција '98
00:03:40 - Скопје е град на Уметноста
00:04:30 - Пробување Фет Кичен
00:08:15 - Театар или Инстаграм Слава
00:22:35 - Рики и Роки
00:29:50 - Прашање од Дениз Абдула
00:32:00 - Први гејминг искуства
00:36:30 - Тони Михајловски како Родител
00:44:30 - ГЕЈМИНГ МУАБЕТИ
1:09:00 - СПОРТ И МОТИВАЦИЈА
1:32:00 - ЕПП со Дебели Гикови
1:35:30 - Претставата Ничија Земја
1:43:00 - На иста сцена со Тони Михајловски
1:54:00 - ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ


#ДебелиГикови #дебелигиковиподкаст #ДебелиГикови #дебелигиковиподкаст #Подкаст #debeligikovi #debeligikovipodcast #podcast #MakedonskiPodcast #madeinmacedonia #Macedonia #Македонија #Makedonija #Popculture #MacedoniaPopculture #popculturemoments

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

08. 08. 2025. · 3 h 31 min

„Хроники на Златниот Даб“ - ФИНАЛЕ - Eпизода 4 | Дебели Гикови и Пријателите

🎲 Добредојдовте во четвртата но и финалната епизода од рубриката „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Оваа авантура беше каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација!…

01. 08. 2025. · 3 h 12 min

„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 3 | Дебели Гикови и Пријателите

🎲 Добредојдовте во третата епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добр…

25. 07. 2025. · 3 h 8 min

„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 2 | Дебели Гикови и Пријателите

🎲 Добредојдовте во втората епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добр…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku