Дебели Гикови · 1 h 41 min

Стрип Трип 2025 - Рајнхард Клајст, Марко Дјешка... Дебели Гикови (СПЕЦИЈАЛ)

11. 06. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2025, највозбудливиот и најголемиот Стрип фестивал во Македонија! 🎉

Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на стрипот, поп-културата и уметноста. Ние како Дебели Гикови јаимавме честа и задоволство втора година по ред да снимиме епизода директно од местото на настанот, опкружени со фантастични гости и уште пофантастична атмосфера.

👾 Во оваа специјална епизода, ни се придружија нашите добри пријатели и поддржувачи од:

👉 Воен Чекан – Креативната фаланга и Warhammer здружението
👉 Зандана – Луѓето коишто се задолжение за најдобрите ДнД авантури
👉 Пагода.мк – Најголемите промотери на источно-азиската култра во Македонија
👉 Ore Wa Gundam Crew – Организацијата задолжена за правење на Гандам модели
👉 Макстрипови – Амбасадорите на македонската стрип сцена и креатори на овој фестивал

🌟 Но, оваа епизода беше збогатена и со две посебни ѕвезди:

✨ Рајнхард Клајст, еден од најпознатите германски стрип-автори, кој со своите биографски стрипови остави силен печат на европската стрип сцена, ни ги сподели своите искуства и инспирација за работата на „Nick Cave: Mercy on Me“, „Castro“ и „Starman – Bowie’s Stardust“.

✨ Марко Дјешка од Хрватска, автор на фантастични независни стрипови и анимирани филмови, добитник на бројни награди, и многу повеќе!

🎨 Подгответе се за една незаборавна дружба полна со анегдоти, зад сценски муабети и разговори за стриповите што сите ги сакаме. Слушнете ги нашите впечатоци од фестивалот, запознајте се со луѓето кои го движат светот на стрипот во Македонија и пошироко, и уживајте во едно незаборавно искуство.

🔔 Не заборавајте да се претплатите на нашиот канал и да ја вклучите ѕвончето за да не ги пропуштите следните епизоди!

#СтрипТрип2025 #ДебелиГикови #RheinardKleist #MarkoDjeska #StripTrip2025

0:00 - СТАРТ + Најава Дебели Гикови
00:03:35 - ВОЕН ЧЕКАН
00:17:48 - ЗАНДАНА
00:32:52 - ПАГОДА.МК + Ore Wa Gundam Crew
00:43:40 - Пеење на химната „Бисер Галактички“
00:46:50 - ПАГОДА.МК + Ore Wa Gundam Crew
00:54:56 - Рајнхард Клајст - Германија
1:10:21 - Марко Дјешка - Хрватска
1:20:37 - Давор Драмиќанин - Макстрипови
1:41:00 - КРАЈ

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

16. 09. 2026. · 1 h 22 min

My Cousin Vlad & Debeli Gikovi on a Podcast

Во оваа специјална и пред сезонска епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостува „My Cousin Vlad“, што би се рекло нашинецот од Австралија, кој конечно стигна до Македонија! 😂🇲🇰 Целиот разговор е во нашиот препознатлив х…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku