Дебели Гикови · 3 h 15 min

Софка Камилоска - Дебели Гикови Подкаст | С02Е25

24. 04. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

Софка Камилоска - Готвењето и Гејмингот сѐ работите во кои сум најдобра - Дебели Гикови С02Е25

🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴

Во оваа епизода Дебелите Гикови имаа чест да разговараат со една од најпознатите и најпочитувани женски шефови на кујна. Се работи за прекрасната Софка Камилоска која што ќе ве однесе на тричасовно патешествие низ светот на готвењето, нејзиниот животен пат, нејзината најголема пасија гејмингот, но и работи кои што не сте ги знаеле за нејзе до сега.

Со Софка навлеговме во длабоки разговори за тоа како функционираат рестораните, што значи да се води кујна и тим од луѓе, и што го прави едно гастрономско искуство незаборавно. Нејзиното патување е полно со страст, напорна работа и неочекувани моменти.

Дали сте знаеле дека Софка е страствен гејмер?!

Оваа епизода не е само за готвење. По сите приказни за храната, менуваме тема и преминуваме во цел саат разговор за поп култура. Од омилените игри и филмови, до култни серии и нови премиери, дозволуваме разговорот природно да тече.

Ова е една опуштена и искрена епизода, совршена за сите кои сакаат храна, култура, креативност и добар разговор. Без разлика дали сте фан на фајн дајнингот или само сакате добра животна приказна – тука ќе најдете нешто за себе.

Фала ви што слушате – не заборавајте да оставите лајк, коментар и да се претплатите ако ви се допаѓа тоа што го правиме. Имаме уште многу интересни гости и разговори кои доаѓаат наскоро!

📺 Секоја недела нова епизода ексклузивно на YouTube каналот: Дебели Гикови

🎙 Дебели Гикови Подкаст

Powered by:
GoblinGamesMK, FatKitchen Birstro, CineplexxMK и Стрип Трип Фестивал

0:00 - СТАРТ + Најава на гостин
00:03:00 - Пробување храна од Фет Кичен
00:05:30 - Софка повеќе не е во Ботаника
00:07:00 - Душата ми е во Галичник
00:21:00 - Туризам во Галичник
00:25:00 - Први почетоци со готвењето
00:30:00 - Професионална Одбокајрка
00:40:00 - Работа на Крузери
00:49:00 - Хиерархија во Кујна
1:05:00 - Почетоците на Ботаника со Дани
1:18:00 - Мишелин и Фајндајнинг ресторани
1:37:00 - Модуларна кујна
1:46:00 - Што најдобро готви Софка
1:51:00 - Визитинг Шеф
2:03:00 - БОТАНИКА
2:20:00 - РЕКЛАМИ
2:22:00 - Муабети за Гејминг и Попкултура
3:14:00 - KРАЈ

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

06. 02. 2025. · 1 h 42 min

Драган Китановски „ДРАШ“ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е16

Дебелите Гикови се мега гига фанови на уместност и секоја култура што е достапна во Скопје па и низ целата земја, а реално и целиот свет. И по тој повод на гости го имаа човекот кој што цел град знае за него, човекот ко…

30. 01. 2025. · 2 h 27 min

Бобан Стојчевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е15

Дебелите Гикови официјално во студио донесоа една личност којашто е целосно во нивниот калибар, и во големина и во гиковина! „Гиковина“ тоа е добар збор, можеби треба да се запише и во речник. Дебели Гикови на гости ов…

23. 01. 2025. · 1 h 26 min

Чамче Муабети со Марио и Огнен - Дебели Гикови Подкаст | С02Е14

Дебелите Гикови се разбудија од своите зимски сонови и официјално се вратија во прекрасното студио на Радио МОФ каде што ја снимија првата епизода за оваа интересна 2025 година што следи. За жал, или за среќа, оваа епи…

31. 12. 2024. · 1 h 59 min

Новогодишна епизода „Брат Брата Не Рани“ - Дебели Гикови СПЕЦИЈАЛ🎄

ДЕБЕЛИ ГИКОВИ ПОДКАСТ - СПЕЦИЈАЛНА НОВОГОДИШНА ЕПИЗОДА - "Брат Брата Не Рани, Тешко е Да си Гик" Официјално Дебелите Гикови @ninjamonkeyy и @ognenz ја испраќаат оваа прекрасна и успешна 2024 година која што ќе ја памет…

26. 12. 2024. · 2 h 27 min

Дамјан Ѓоргиевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е13

Иии официјално дојдовме до самиот крај на оваа прекрасна и интересна година, најдобрата година за Дебелите Гикови и нивната кареира. Да се заврши годината како што треба, Дебели Гикови на гости го имаа познатиот артист…

19. 12. 2024. · 2 h 40 min

Tonyo San - Дебели Гикови Подкаст | С02Е12

Хип-хоп е музички правец кој настанал во САД во 70-тите години на претходниот век, и станал дел од модерната култура во 80-тите. Воглавно се состои од следниве неколку елементи: Рецитирање (MCing), Продукција и скречува…

12. 12. 2024. · 2 h 8 min

Final Frontier Games - Дебели Гикови Подкаст | С02Е11

Друштвените игри се популарни во светот па и во Македонија веќе со години, и може комотно да се каже дека сите имаме растено со друштвени игри! Ризик, Монопол, Не Лути Се Човече, Катан, сите овие се доста звучни игри, н…

09. 12. 2024. · 58 min

🔴 LIVE: Pagoda - Shōnen: Becoming the Hero - ДЕБЕЛИ ГИКОВИ

Вистинска свежина и дополнителна енергија на овој настан ќе внесат нашите пријатели, водителите на македонскиот поткаст за geek култура, Дебели Гикови! 🧡 Со пренос во живо, водење трибини, возбудливи активности, квизов…

05. 12. 2024. · 2 h 34 min

Гоце Цветановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е10

Пред нешто помалку од еден век, во далечната 1937 година, студиото Волт Дизни го направи првиот долгометражен анимиран филм и му го претстави на светот како нешто ново коешто ја промени иднината засекогаш. Се работи за …

28. 11. 2024. · 1 h 58 min

Archona Games - Дебели Гикови Подкаст | С02Е09

Друштвените игри се популарни во светот па и во Македонија веќе со години, и може комотно да се каже дека сите имаме растено со друштвени игри! Ризик, Монопол, Не Лути Се Човече, Катан, сите овие се доста звучни, и си…

22. 11. 2024. · 2 h 23 min

Тео „Мартео“ Марковиќ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е08

Убавината кај секој уметник и визиноер е да створиш нешто што ќе остави белег во светот и ќе живее вечно! На гости оваа епизода Дебелите Гикови го имаа „Тео Марковиќ (Мартео)“ каде што главниот дел од разговорот беше ла…

14. 11. 2024. · 2 h 5 min

Гоблин Друштвени Игри - Дебели Гикови Подкаст | С02Е07

Доколку навлеземе длабоко во историјата на друштвените игри, може да видиме дека првата таква игра е направена некаде пред околу 4600 години во древна Месопотамија. Станува име за играта „The Royal Game of Ur“. Некаде…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku