Наум Михајловски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е23
O epizodi
Наум Михајловски - Furious Avocado е мало студио со светски успеси - Дебели Гикови С02Е23
🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴
Во 2020 година многу малку пред да започне короната, во Македонија се формира гејминг студиото кое што изработува Хајперкежуал игри, и за само неколку месеци прави милионски бројки на iOS и Android со нивните игри „Candle Craft“ & „Tie Dye“.
Во оваа епизода од Дебели Гикови Подкаст имаа чест да разговараат со Наум Михајловски, еден од ко-основачите на студиото Furious Avocado. Или на фановите на Дебели Гикови Подкаст, човекот кој што секој негов колега што беше гостин на подкастот како Бобан Стојчевски, Дамјан Михаилов... посочија дека Наум Михајловски мораше да го викнеме. Ветено сторено! :D
Со Наум многу длабоко нурнавме во сите теми кои што се поврзани со гејминг индустријата. Разговаравме за светската, но многу се врзавме и кон Македонската Гејминг Индустрија.
Дали сте знаеле дека Furious Avocado направи светски успеси со милионски бројки кои што во индустријата се нарекуваат „Unicorn бројки“, и никој од оваа држава кој што е на висока позиција, не испратил никаква пофалница, камоли нешто поголемо.
Со Наум разговаравме за тоа колку на Македонија и е потребно сериозни установи како факултети каде што ќе се изучува Гејм Дизајн. Нормално дека постојат академии, но е потребно факултети каде што ќе се изучуваат детални работи...
Иии... Последниот сегмент е муабети за... ПИЦИ!!! Дали сте знаеле дека Наум е аматер во правење на Наполитана пици, но и во ова поле има постигнато светски успеси на светски првенства во правење на Пици? Можеби некој не го интересира Гејм Дизајн, па ви предлагаме да ги слушнете разговорите за ПИЦА!
Секоја недела нова епизода ексклузивно на YouTube каналот: Дебели Гикови
Дебели Гикови Подкаст
Powered by:
„Гоблин Друштвени Игри“, „Fat Kitchen Bistro“ и „CinplexxMK“
0:00 - Старт
00:01:40 - СПОНЗОРИ
00:03:50 - Најава на гостин
00:07:40 - Гејминг разговори
00:16:30 - World of Warcraft Македонија
00:23:20 - Првиот Македонски гејминг магазин
00:26:15 - Креирање на GG.MK
00:29:00 - Почетоците на Наум во Гејминг Индустријата
00:36:00 - Студиото CrazyLabs во Македонија
00:43:15 - Основањето на Furious Avocado
00:50:30 - Направивме светски успеси, од Македонија никој не не контактираше
00:54:30 - Едукација за Гејм Дизајн во Македонија
00:58:00 - Како да почнеш да работиш во Гејминг Индустријата
1:00:00 - Првите месеци на Furious Avocado
1:07:00 - Сите улоги и позиции во едно студио
1:13:40 - Светските успеси на Tie Dye
1:16:50 - Доделување карти од Cineplexx
1:17:40 - Како се прават тестирања и прототипи
1:22:00 - Како се прават вирални реклами
1:26:00 - Потешко е Лајвсервис игра или нормална игра
1:31:00 - Како се проби Tie Dye на пазарот
1:37:00 - Иднината на Мобилната Гејминг Индустрија
1:44:30 - Candle Craft го освои светот
1:54:40 - Иднината на целата гејминг индустрија
2:00:00 - СПОНЗОРИ
2:01:40 - ПИЦА МУАБЕТИИИИ
Sve epizode
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Од авторите на „Дебели Гикови“ најголемиот поп културен подкаст во Македонија, доаѓа фанмејд муви креиран со многу љубов и н…
Слаѓана Вујошевиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е03
Слаѓана Вујошевиќ - Светот на Биби - Дебели Гикови С03Е03 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода имавме чест да разговараме со Слаѓана Вујошевиќ, гласот на Биби од „Светот на Биби“, една од најпознатите…
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01
Горан Николов - Дебели Гикови Подкаст | С03Е02
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода разговараме со Горан Николов – еден од најпознатите професионални FPV пилоти во Македонија. Горан веќе …
Гиковски Неделник #13 🚀📺
Ана Здравкова - Дебели Гикови Подкаст | С03Е01
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода гостинка ни е Ана Здравкова – девојка со многу таленти и професии, и во рамки на гејминг светот и …
