Бобан Стојчевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е15
O epizodi
Дебелите Гикови официјално во студио донесоа една личност којашто е целосно во нивниот калибар, и во големина и во гиковина! „Гиковина“ тоа е добар збор, можеби треба да се запише и во речник.
Дебели Гикови на гости оваа епизода го имаа „Бобан Стојчевски - Бобо“ човекот којшто го познаваат луѓето од сите кругови во Македонија и во светот. Еден од креаторите на првиот македонски видео подкаст, првиот подкаст за гејминг во Македонија, еден од првите гејминг новинари во тогашниот мега-популарен “ЕНТЕР“, и ко-основач на Македонското независно студио за видеоигри “Фјуриус Авокадо“.
Бобо е човек со којшто можеш да разговараш на секакви теми, но најмногу на теми поврзани со гејминг, храна, ретроспектива и многу повеќе. Во оваа епизода можете да дознаете многу работи за Бобо кои што до сега не сте ги знаеле, но дефинитивно ќе ви разбуди голем број на спомени.
Зборувавме за што значи да се има Nintendo GameBoy во Македонија пред 30 години, колку саати играње се потрошени во студиото на DJ Гоце САФ, убавината на видеоигрите, гејминг културата во Македонија, нормално се зборуваше и за ГГ.МК...
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка којашто ни ја нудат!
Sve epizode
Дебели Гикови Новогодишен Специјалитет за 2025 🎄🎅
Среќна Нова 2026 година Екипооо! Не треба дескриција за ова, само сакаме да ви честитаме нова година и се останто го имате на нашиот Инстаграм акаунт - @debeligikovi 🎄🎅
Гоце Велески - Дебели Гикови Подкаст | С03Е13
Гоце Велески - Логотворец или Логокрадец? - Дебели Гикови С03Е13 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Со последната епизода за 2025 година, ја затвораме годината баш како што треба, со многу смеа, опуштен новогодишен…
Георги М. Унковски - Дебели Гикови Подкаст | С03Е12
Георги М. Унковски - DJ Ahmet, Буквождер, Налепница - Дебели Гикови С03Е12 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостуваше режисерот и автор Георги М. Унковски, со кого напр…
Чамче Муабети со Марио & Огнен - Дебели Гикови Подкаст | С03Е11
Чамче Муабети со Марио & Огнен - Дебели Гикови С03Е11 Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, одиме на опуштен „чамче муабет“ мод, без гостин, само Марио и Огнен, двајца гикови во полн ефект и елемент 🚤💬 Како што …
Андреја Поповиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е10
Андреја Поповиќ - PrintNPlay Games - Дебели Гикови С03Е10 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостува човекот кој зад себе има цели светови од секакви големини и во сек…
Александар Костоски - Дебели Гикови Подкаст | С03Е09
Александар Костоски - Game Designer и Ментор од @avenga_academy 🎮💻 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст ни дојде во гостински режим една жива легенда на македонската гејминг с…
Сашко „Потер“ Мицевски - Дебели Гикови Подкаст | С03Е08
Сонот ми се оствари кога работев на Fantastic Beasts - Сашко Потер - Дебели Гикови С03Е08 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во овие три сезони имавме преголема чест на гости да го имаме човекот којшто со гордост м…
A1 Game Fest 2025 - Предфестивалска дружба | Дебели Гикови и Пријателите
Во очекување на A1 Game Fest 2025 , решивме да загрееме со една вистинска предфестивалска дружба! 🎮🛡️ Овој пат „Дебели Гикови и Пријателите“ гостуваат во HQ на А1 Македонија, каде што се споија најдоброто од гејмингот,…
