Бобан Стојчевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е15
O epizodi
Дебелите Гикови официјално во студио донесоа една личност којашто е целосно во нивниот калибар, и во големина и во гиковина! „Гиковина“ тоа е добар збор, можеби треба да се запише и во речник.
Дебели Гикови на гости оваа епизода го имаа „Бобан Стојчевски - Бобо“ човекот којшто го познаваат луѓето од сите кругови во Македонија и во светот. Еден од креаторите на првиот македонски видео подкаст, првиот подкаст за гејминг во Македонија, еден од првите гејминг новинари во тогашниот мега-популарен “ЕНТЕР“, и ко-основач на Македонското независно студио за видеоигри “Фјуриус Авокадо“.
Бобо е човек со којшто можеш да разговараш на секакви теми, но најмногу на теми поврзани со гејминг, храна, ретроспектива и многу повеќе. Во оваа епизода можете да дознаете многу работи за Бобо кои што до сега не сте ги знаеле, но дефинитивно ќе ви разбуди голем број на спомени.
Зборувавме за што значи да се има Nintendo GameBoy во Македонија пред 30 години, колку саати играње се потрошени во студиото на DJ Гоце САФ, убавината на видеоигрите, гејминг културата во Македонија, нормално се зборуваше и за ГГ.МК...
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка којашто ни ја нудат!
Sve epizode
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Од авторите на „Дебели Гикови“ најголемиот поп културен подкаст во Македонија, доаѓа фанмејд муви креиран со многу љубов и н…
Слаѓана Вујошевиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е03
Слаѓана Вујошевиќ - Светот на Биби - Дебели Гикови С03Е03 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода имавме чест да разговараме со Слаѓана Вујошевиќ, гласот на Биби од „Светот на Биби“, една од најпознатите…
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01
Горан Николов - Дебели Гикови Подкаст | С03Е02
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода разговараме со Горан Николов – еден од најпознатите професионални FPV пилоти во Македонија. Горан веќе …
Гиковски Неделник #13 🚀📺
Ана Здравкова - Дебели Гикови Подкаст | С03Е01
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода гостинка ни е Ана Здравкова – девојка со многу таленти и професии, и во рамки на гејминг светот и …
