Дебели Гикови · 2 h 27 min

Бобан Стојчевски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е15

30. 01. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

Дебелите Гикови официјално во студио донесоа една личност којашто е целосно во нивниот калибар, и во големина и во гиковина! „Гиковина“ тоа е добар збор, можеби треба да се запише и во речник.

Дебели Гикови на гости оваа епизода го имаа „Бобан Стојчевски - Бобо“ човекот којшто го познаваат луѓето од сите кругови во Македонија и во светот. Еден од креаторите на првиот македонски видео подкаст, првиот подкаст за гејминг во Македонија, еден од првите гејминг новинари во тогашниот мега-популарен “ЕНТЕР“, и ко-основач на Македонското независно студио за видеоигри “Фјуриус Авокадо“.

Бобо е човек со којшто можеш да разговараш на секакви теми, но најмногу на теми поврзани со гејминг, храна, ретроспектива и многу повеќе. Во оваа епизода можете да дознаете многу работи за Бобо кои што до сега не сте ги знаеле, но дефинитивно ќе ви разбуди голем број на спомени.

Зборувавме за што значи да се има Nintendo GameBoy во Македонија пред 30 години, колку саати играње се потрошени во студиото на DJ Гоце САФ, убавината на видеоигрите, гејминг културата во Македонија, нормално се зборуваше и за ГГ.МК...

Уживајте во Дебели Гикови

Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови

И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка којашто ни ја нудат!

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

08. 08. 2025. · 3 h 31 min

„Хроники на Златниот Даб“ - ФИНАЛЕ - Eпизода 4 | Дебели Гикови и Пријателите

🎲 Добредојдовте во четвртата но и финалната епизода од рубриката „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Оваа авантура беше каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација!…

01. 08. 2025. · 3 h 12 min

„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 3 | Дебели Гикови и Пријателите

🎲 Добредојдовте во третата епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добр…

25. 07. 2025. · 3 h 8 min

„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 2 | Дебели Гикови и Пријателите

🎲 Добредојдовте во втората епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉 ⚔️ Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добр…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku