Archona Games - Дебели Гикови Подкаст | С02Е09
O epizodi
Друштвените игри се популарни во светот па и во Македонија веќе со години, и може комотно да се каже дека сите имаме растено со друштвени игри!
Ризик, Монопол, Не Лути Се Човече, Катан, сите овие се доста звучни, и сигурно сите имаме барем еднаш во животот изиграно една партија од овие друштвени игри. Но во далечната 2016 година, фанатикот по друштвените игри „Милан Тасевски“ решава да направи нешто што до тогаш се нема случено во Македонија.
Милан Тасевски во 2016 година ја прави и ја издава својата прва друштвена игра, но дополнително првата друштвена игра во Македонија! И со тоа нормално се креира и студиото „Archona Games“.
На гости Дебелите Гикови го имаа Милан каде што целосно го објасни и историјатот на студиото, од каде почнале и до каде се сега, колку е тешко да се направи и издаде друштвена игра.
Премногу информации за луѓе кои што дури воопшто никогаш не изиграле една голема и квалитетна друштвена игра. Разговор кој што е наменет и за хард-кор фанови на друштвени игри, но и за тие кои што сакаат да навлезат во хобито!
И дополнитено… Во сред епизода изигравме една брза партија од првата Македонска друштвена играта „Small Star Empires“
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Sve epizode
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Од авторите на „Дебели Гикови“ најголемиот поп културен подкаст во Македонија, доаѓа фанмејд муви креиран со многу љубов и н…
Слаѓана Вујошевиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е03
Слаѓана Вујошевиќ - Светот на Биби - Дебели Гикови С03Е03 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода имавме чест да разговараме со Слаѓана Вујошевиќ, гласот на Биби од „Светот на Биби“, една од најпознатите…
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01
Горан Николов - Дебели Гикови Подкаст | С03Е02
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода разговараме со Горан Николов – еден од најпознатите професионални FPV пилоти во Македонија. Горан веќе …
Гиковски Неделник #13 🚀📺
Ана Здравкова - Дебели Гикови Подкаст | С03Е01
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода гостинка ни е Ана Здравкова – девојка со многу таленти и професии, и во рамки на гејминг светот и …
