Тео „Мартео“ Марковиќ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е08
O epizodi
Убавината кај секој уметник и визиноер е да створиш нешто што ќе остави белег во светот и ќе живее вечно! На гости оваа епизода Дебелите Гикови го имаа „Тео Марковиќ (Мартео)“ каде што главниот дел од разговорот беше лабави гејминг муабети но имаше и доста едукативни информации.
Мартео после толку години чување на некоја интересна тајна, на „Дебели Гикови Подкаст“ искажа информација која што го чекал правото време да ја каже, а тоа е дека неговиот дедо бил познатиот и големиот “Дар Мар“! Креаторот на стрипот и карактерот кој што секогаш даваше една светла точка во свилново време и во сивилнава држава “ПЕЦКО“.
Дебелите Гикови со Мартео главиот дел од разговорот го пренасочија кон „The Game Awards“ каде што се збореше во кои категории кои игри треба да победат. Но сепак нормално, кога има лабави муабети, разговорите одат кон носталгија, кон филмови, серии, стрипови, книги…
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Sve epizode
Како настана рубриката "Фала Многу Пријатно" што е ептен лежечки формат 🛌📸
Кога @crapwerk ќе ја издаде втората игра 🤔🎮
Стрип Трип 2026 - Специјал Дебели Гикови Подкаст
Специјалната епизода на Дебели Гикови Подкаст, снимена во живо на Стрип Трип 2026, највозбудливиот и најголемиот Стрип и Гик фестивал во Македонија! 🎉 Оваа година, фестивалот беше вистински спектакл за сите љубители на…
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ
Кога ќе се откажеме, колку пари правиме, каде за 5 Години? - Дебели Гикови С03Е33 - ФИНАЛЕ 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Последната епизода од Сезона 3 на „Дебели Гикови Подкаст“ е тука како …
Гораст Цветковкси - Дебели Гикови Подкаст | С03Е32
🎮🔥 Во претпоследната епизода од подкастот „Дебели Гикови“ ни гостуваше нашиот пријател и еден од најактивните луѓе во македонската гејминг индустрија – Гораст Цветковски. 🎙️ 🕹️ Со Гораст разговаравме за организирањето …
Давор Драмиќанин - Дебели Гикови Подкаст | С03Е31
Што ќе има на Стрип Трип 2026 - Давор Драмиќанин - Дебели Гикови С03Е32 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во оваа епизода разговараме со Давор Драмиќанин за сè што љубителите на стрип-културат…
