O epizodi
Dungeons & Dragons (D&D), е фантази друштвена игра, каде што играте некоја одредена улога (RPG), создадена од американските дизајнери на игри Ернест Гери Гигакс и Дејвид Арнесон во 1974 година и објавена истата година од компанијата на Gygax, Tactical Studies Rules (TSR). Играта беше купена во 1997 година од Wizards of the Coast, подружница на Hasbro, Inc. Зголемената популарност на играта доведе до минијатурни фигурини, книги, телевизиски емисии и филмови на тема D&D.
D&D со текот на годините имаше големи и падови и успеси, но сепак до денес е една од најпознатите друштвени игри и TTRPG игри некогаш креирани!
Во Македонија D&D никогаш го немала успехот и големата фан база како што била во Америка или на многу други места низ светот, но сепак секогаш имало луѓе кои што сакале да научат, и дополнително играле D&D. Но многу често, групи не можеле да се соберат поради повеќе причини.
Ова лето во Македонија се појави една група на млади ентузијасти кои што сами си кажале „Во Македонија нема заедница за ова, ајде ние да ја направиме“. И буквално на тој начин започнала заедницата „Зандана“.
На гости оваа епизода Дебелите Гикови ги имаа младите ентузијасти Петар, Јасна, Никола и Дамјан, кои што се креатори на „Зандана“ и се главните „Данџен Мастери“.
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Otvori na YouTubeu →