ЗАНДАНА.МК - Дебели Гикови Подкаст | С02Е06
O epizodi
Dungeons & Dragons (D&D), е фантази друштвена игра, каде што играте некоја одредена улога (RPG), создадена од американските дизајнери на игри Ернест Гери Гигакс и Дејвид Арнесон во 1974 година и објавена истата година од компанијата на Gygax, Tactical Studies Rules (TSR). Играта беше купена во 1997 година од Wizards of the Coast, подружница на Hasbro, Inc. Зголемената популарност на играта доведе до минијатурни фигурини, книги, телевизиски емисии и филмови на тема D&D.
D&D со текот на годините имаше големи и падови и успеси, но сепак до денес е една од најпознатите друштвени игри и TTRPG игри некогаш креирани!
Во Македонија D&D никогаш го немала успехот и големата фан база како што била во Америка или на многу други места низ светот, но сепак секогаш имало луѓе кои што сакале да научат, и дополнително играле D&D. Но многу често, групи не можеле да се соберат поради повеќе причини.
Ова лето во Македонија се појави една група на млади ентузијасти кои што сами си кажале „Во Македонија нема заедница за ова, ајде ние да ја направиме“. И буквално на тој начин започнала заедницата „Зандана“.
На гости оваа епизода Дебелите Гикови ги имаа младите ентузијасти Петар, Јасна, Никола и Дамјан, кои што се креатори на „Зандана“ и се главните „Данџен Мастери“.
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Sve epizode
DULELUD - Дебели Гикови Подкаст | С03Е07
Дуле Луд - Соработував со 200+ Светски Диџеи во рок од 3 години - Дебели Гикови Подкаст С03Е07 🎶 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во новата епизода ни гостува Дуле Луд – диџеј, продуцент и едно од најпознатите мл…
🔴 LIVE: Red Bull Tetris® Национално Првенство Македонија
На 12 ноември ќе дознаеме кој ќе ја претставува 🇲🇰 на светското Red Bull Tetris финале во ДУБАИ! 🤩 …а, тоа можеби ќе бидеш баш ти - затоа играј до 09. ноември, постигни највисок резултат и регистрирај се бидејќи сè ушт…
Александар Чески - Дебели Гикови Подкаст | С03Е06
Александар Чески - Професионален Фотограф - Дебели Гикови С03Е06 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Човекот кој ги прави најдобрите спортски фотографии во Македонија, човекот кој ги има сликано едни од најдобрите с…
Марио Савовски - Дебели Гикови Подкаст | С03Е05
Марио Савовски - Гејм Дизајнер во Германија - Дебели Гикови С03Е05 🎮✍️💻 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Нашиот Марио Савовски можеби не е меѓу најпознатите личности од Македонија, но може да се каже дека е човек…
Марио Савовски - Дебели Гикови С03Е05 🎮✍️💻
Модернизам и Ренесанса - Дуци - Дебели Гикови Подкаст С03Е04 🎨🖼
Слаѓана Вујошевиќ - Гласот на Биби - Дебели Гикови Подкаст С03Е03 ✨️
Модернизам и Ренесанса - Дебели Гикови Подкаст | С03Е04
Модернизам и Ренесанса - Дуци - Дебели Гикови Подкаст С03Е04 🎨🖼 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода имавме чест да разговараме и да се смееме со една од најпознатите личности во Македонија што скоро …
