O epizodi
Стрипот е една од најубавите уметности што постојат на светотот, па затоа е познат и како деветтат уметност која што може да се каже дека датира уште од првите слики кои што се цртани од праистористките луѓе на ѕидовите во пештерите.
Стрипот секаде во светот е добра позната уметност, сите го сакаат, сите го читаат, но сепак, и во Македонија не е ништо различно. Иако поретко се вадат стрипови од Македонски автори, сепак како земја може да се пофалиме со голем број на дела кои што се отидени веќе и во светски рамки.
Дебелите Гикови во новата епизода на гости го имаа младиот стрип автор и цртач Стефан Николовски, или попознат како „Стефанел“ кој што го промовира, а наскоро и издава своето прво официјално стрип дело!
Стрипот „The Jitters“ својата промоција ќе ја има на 31ви октомври во „Оро Радио Галери Бар“ со почеток од 20:00h. На промоцијата посетителите ќе можат да го купат стрипот, но дополнително бидејќи е „Ноќта на Вештерките“ ќе можат да си дојдат со маски, да уживаат во добра забава со тематски коктели, ќе има тетовирање во живо, и многу други работи!
Дебелите Гикови во оваа епизода темите ги поврзаа кон новиот стрип на „Стефанел“, но сепак и многу разговори имаше за од каде е инспирацијата, Стрип културата во Македонија, и многу повеќе.
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Otvori na YouTubeu →