O epizodi
Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време за малку да се разговара на општи гиковски теми како што се гејминг, гандам, серии кои што сме ги гледале порано, и на многу носталигчни теми!
Нормално, вакви теми можат да се разговараат само со големи љубители и фанови на теми од поп културата, и овој пат гиковите на гости го имаа „Виктор Главиновски“. Вици, Назе или кој како и да го знае, е QA тестер во најпознатото гејминг студио во Македонија - Indium Play, но сепак е и поранешен вработен во Галерија, на висока позиција. И одма се разбира зошто гиковите збореа многу за гејминг овој пат.
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Otvori na YouTubeu →