Дебели Гикови · 2 h 43 min

Никола Кузмановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е02

11. 10. 2024. · 150 epizoda
O epizodi

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време малку да се стават стриповите на страна, и повеќе да се фатат книгите во рака. По тој повод, на гости Дебелите Гикови го имаа Никола Кузмановски, човекот кој стои зад севдонимот и проектот „Полиграматон“.

Со Никола, Дебелите Гикови навистина навлегоа во едни длабоки теми, и се разговараше првично за магичните и огромните светови на двајцата најпознати автори во светот - Толкин и Ловкрафт!

Кузмановски е еден од најголемите познавачи на делата на тие два автора, и по тој повод, самоволно пред некој период решава дека ќе прави преводи на македонски литературен јазик, на голем дел од нивните дела. До сега, Никола има направено превод на „Симарилион“ на Толкин, и има направено превод на првите две книги на Ловкрафт кои што исто така се издадени во физичка копија!

Оваа епизода е целосно посветена на фановите и љубителите на жанрот „фантазија“, но сепак е многу посветена на тие што го сакаат, почитуваат и негуваат македонскиот литературен јазик! Со Никола, што е исто така голем познавач на мајчиниот наш јазик, многу длабоко влеговме во разговори за тоа колку денес „не“ се почитува мајчиниот јазик, и колку младината користи англицизми бидејќи сметаат дека така се повеќе паметни.

Но дополнително, паднаа доста муабети и за Gunpla, за стрипови кои што исто така се преведени од страна на Никола, иии… Голем дел од епизодата беше посветен за новиот филм „Џокер 2: Лудило во Двојка“.


Уживајте во Дебели Гикови

Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови

И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

05. 11. 2026. · 2 h 7 min

Историјатот на He-Man and the Masters of the Universe - Дебели Гиокви Подкаст | S04E06

Историјатот на He-Man and the Masters of the Universe - Дебели Гиокви Подкаст | S04E06 🔴🎤 🗡️ Со нашите многу драги пријатели и претставници на заедницата „Воен Чекан“, Рики и Нено секогаш муабетот ми е најдобар. Но за…

29. 10. 2026. · 1 h 10 min

Матеа Јанковска - Дебели Гикови Подкаст | С04Е05

Матеа Јанковска - Дебели Гикови Подкаст | С04Е05 🔴🎤 🎶 Со Матеа Јанковска си направивме прекрасни и длабоки муабети за нејзината кариера во актерството, нејзините почетоци, нејззините најголеми успеси и достигнувања. Р…

22. 10. 2026. · 1 h 30 min

ДУПЕР - Дебели Гикови Подкаст | С04Е04

ДУПЕР - Дебели Гикови Подкаст | С04Е04 🔴🎤 🎶 Со Дупер си направивме прекрасни и длабоки муабети за нивната музика, соработката со Скопско, но генерално фокусот го ставивме кон „Б-Страната“ на Дупер да видите какви Гико…

15. 10. 2026. · 1 h 19 min

Дина Јашари - Дебели Гикови Подкаст | С04Е03

Дина Јашари - Дебели Гикови Подкаст | С04Е03 🔴🎤 🎶 Со Дина Јашари си направивме прекрасни и длабоки муабети за нејзината музика, уметноста во светот и кај нас, предизвиците со кои се соочува македонската алтернативна с…

08. 10. 2026. · 1 h 43 min

Модернизам и Ренесанса, Син на Мајка & 1Човек Златна Тројка - Дебели Гикови Подкаст | S04E02

Модернизам и Ренесанса, Син на Мајка & 1Човек Златна Тројка - Дебели Гикови Подкаст | S04E02 🔴🎤 🎭 Не знаеме како, но успеавме златната тројка да ја сместиме кај нас во студио сите заедно и да имаме смеење до солзи 😂 …

01. 10. 2026. · 1 h 46 min

Горан Ников - Дебели Гикови Подкаст | С04Е01

Горан Ников - Дебели Гикови Подкаст | С04Е01 🔴🎤 🎭 Од цртеж до сцена, од факултет на голем проект, и од нормален разговор до… па, знаете 😂 Во оваа епизода на Дебели Гикови ни гостува еден од најдобрите актери што изгле…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku