Дебели Гикови · 2 h 43 min

Никола Кузмановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е02

11. 10. 2024. · 150 epizoda
O epizodi

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време малку да се стават стриповите на страна, и повеќе да се фатат книгите во рака. По тој повод, на гости Дебелите Гикови го имаа Никола Кузмановски, човекот кој стои зад севдонимот и проектот „Полиграматон“.

Со Никола, Дебелите Гикови навистина навлегоа во едни длабоки теми, и се разговараше првично за магичните и огромните светови на двајцата најпознати автори во светот - Толкин и Ловкрафт!

Кузмановски е еден од најголемите познавачи на делата на тие два автора, и по тој повод, самоволно пред некој период решава дека ќе прави преводи на македонски литературен јазик, на голем дел од нивните дела. До сега, Никола има направено превод на „Симарилион“ на Толкин, и има направено превод на првите две книги на Ловкрафт кои што исто така се издадени во физичка копија!

Оваа епизода е целосно посветена на фановите и љубителите на жанрот „фантазија“, но сепак е многу посветена на тие што го сакаат, почитуваат и негуваат македонскиот литературен јазик! Со Никола, што е исто така голем познавач на мајчиниот наш јазик, многу длабоко влеговме во разговори за тоа колку денес „не“ се почитува мајчиниот јазик, и колку младината користи англицизми бидејќи сметаат дека така се повеќе паметни.

Но дополнително, паднаа доста муабети и за Gunpla, за стрипови кои што исто така се преведени од страна на Никола, иии… Голем дел од епизодата беше посветен за новиот филм „Џокер 2: Лудило во Двојка“.


Уживајте во Дебели Гикови

Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови

И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

08. 05. 2025. · 2 h 57 min

Гораст Цветковски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е27

Гораст Цветковски - Со претставата „12“ го одсликавме денешното судство -Дебели Гикови С02Е27 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Уживајте во неколку часовен разговор на теми кои што до сега не сте ги слушнале никад…

03. 05. 2025. · 30 min

„DYSTOKYO“ - Симон Калајџиев и Стефан Ристовски од Пагода.мк - Промоција на книга

Добредојдовте во неонската магла — каде што кодот е распрснат на сите страни, поезијата се гличува, а иднината е распарчена! Светот повеќе не е тој што го знаеме... Токио гличува! Во ова специјално издание Дебелите Гик…

01. 05. 2025. · 1 h 55 min

Тони Зен - Дебели Гикови Подкаст | С02Е26

Тони Зен - Кој сум јас? Јас сум Нико Белиќ - Дебели Гикови С02Е26 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода Дебелите Гикови имаа чест да разговараат со една од најпознатите и најпочитувани музичари во Маке…

24. 04. 2025. · 3 h 15 min

Софка Камилоска - Дебели Гикови Подкаст | С02Е25

Софка Камилоска - Готвењето и Гејмингот сѐ работите во кои сум најдобра - Дебели Гикови С02Е25 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода Дебелите Гикови имаа чест да разговараат со една од најпознатите и н…

17. 04. 2025. · 3 h 2 min

Илија Цветковски „Ики“ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е24

Илија 'Ики' Цветковски - Дизајнерот на звук го оживува филмот - Дебели Гикови С02Е24 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 🎶 Доколку збориме за музика и за звуци може комотно да се каже дека се тоа постои уште кога човекот како суш…

10. 04. 2025. · 2 h 30 min

Наум Михајловски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е23

Наум Михајловски - Furious Avocado е мало студио со светски успеси - Дебели Гикови С02Е23 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 Во 2020 година многу малку пред да започне короната, во Македонија се формира гејминг студиото кое што …

03. 04. 2025. · 2 h 43 min

Фет Цацко - Дебели Гикови Подкаст | С02Е22

Фет Цацко - Германија го има најдобриот кулинарски систем во свет - Дебели Гикови С02Е22 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 Готвењето е уметност, но да се направи одличен бургер? Тоа е ремек-дело! 🎨🍔 Во оваа епизода од Дебели Г…

27. 03. 2025. · 3 h 5 min

Златко Ѓелески - Дебели Гикови Подкаст | С02Е21

Златко Ѓелески - Секој Хорор Филм има психолошка димензија во себе - Дебели Гикови С02Е21 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ИИИ!!! ОФИЦИЈАЛНО!!! Нешто што Дебелите Гикови го сакаа и замислуваа уште од првиот ден кога започна ов…

13. 03. 2025. · 1 h 45 min

Александра Илиќ „САМАРА“ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е20

Александра Илиќ „САМАРА“ - Тетовирање и Гиковски Муабети - Дебели Гикови С02Е20 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 Дебелите Гикови се мега гига фанови на уместност и секоја култура што е достапна во Скопје па и низ целата земја,…

27. 02. 2025. · 2 h 3 min

Златко Ѓелески - Дебели Гикови Подкаст | С02Е19

Златко Ѓелески - ОСКАРОВСКА ВЕЧЕР - Дебели Гикови С02Е19 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 Се спремаме за црвениот тепих и најголемата вечер во филмската индустрија, се спремаме за прекрасната оскаровска вечер која што ќе се сл…

20. 02. 2025. · 1 h 49 min

Дамјан Михаилов - Дебели Гикови Подкаст | С02Е18

Дамјан Михаилов - „Луси Некроманката е стрип за сите генерации“ - Дебели Гикови С02Е18 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 После долго време планирање и договарање во Дебели Гикови Подкаст повторно имаме еден доста познат и рено…

13. 02. 2025. · 1 h 45 min

Александар Микиќ - Дебели Гикови Подкаст | С02Е17

Александар Микиќ - Дебели Гикови С02Е17 - „Глумата ми е работа, Друштвенити Игри ми се пасија“ 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 „Глумецот не се гледа во кафана, глумецот се гледа на сцена“ е позната речениза која што познатиот…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku