Никола Кузмановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е02
O epizodi
Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време малку да се стават стриповите на страна, и повеќе да се фатат книгите во рака. По тој повод, на гости Дебелите Гикови го имаа Никола Кузмановски, човекот кој стои зад севдонимот и проектот „Полиграматон“.
Со Никола, Дебелите Гикови навистина навлегоа во едни длабоки теми, и се разговараше првично за магичните и огромните светови на двајцата најпознати автори во светот - Толкин и Ловкрафт!
Кузмановски е еден од најголемите познавачи на делата на тие два автора, и по тој повод, самоволно пред некој период решава дека ќе прави преводи на македонски литературен јазик, на голем дел од нивните дела. До сега, Никола има направено превод на „Симарилион“ на Толкин, и има направено превод на првите две книги на Ловкрафт кои што исто така се издадени во физичка копија!
Оваа епизода е целосно посветена на фановите и љубителите на жанрот „фантазија“, но сепак е многу посветена на тие што го сакаат, почитуваат и негуваат македонскиот литературен јазик! Со Никола, што е исто така голем познавач на мајчиниот наш јазик, многу длабоко влеговме во разговори за тоа колку денес „не“ се почитува мајчиниот јазик, и колку младината користи англицизми бидејќи сметаат дека така се повеќе паметни.
Но дополнително, паднаа доста муабети и за Gunpla, за стрипови кои што исто така се преведени од страна на Никола, иии… Голем дел од епизодата беше посветен за новиот филм „Џокер 2: Лудило во Двојка“.
Уживајте во Дебели Гикови
Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови
И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!
Sve epizode
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови
Game Dev Rev 2025 - Фан Мејд Афтермуви - Дебели Гикови 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Од авторите на „Дебели Гикови“ најголемиот поп културен подкаст во Македонија, доаѓа фанмејд муви креиран со многу љубов и н…
Слаѓана Вујошевиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е03
Слаѓана Вујошевиќ - Светот на Биби - Дебели Гикови С03Е03 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода имавме чест да разговараме со Слаѓана Вујошевиќ, гласот на Биби од „Светот на Биби“, една од најпознатите…
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01
Горан Николов - Дебели Гикови Подкаст | С03Е02
Горан Николов - Пилот на FPV дронови - Дебели Гикови С03Е02 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода разговараме со Горан Николов – еден од најпознатите професионални FPV пилоти во Македонија. Горан веќе …
Гиковски Неделник #13 🚀📺
Ана Здравкова - Дебели Гикови Подкаст | С03Е01
Ана Здравкова - Женски Е-Спорт Коментатор - Дебели Гикови С03Е01 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода гостинка ни е Ана Здравкова – девојка со многу таленти и професии, и во рамки на гејминг светот и …
