O epizodi
Во 116. епизода на „Како си?“ со Митко Андонов зборуваме за тежината што доаѓа кога многу луѓе зависат од тебе, кога постојано треба да имаш одговор и кога си навикнат да бидеш „столбот“ и на работа и дома.
Митко зборува за водењето компании и носењето одлуки, за моментот кога сфатил дека не мора сè да зависи од него, за грешките што не се гледаат зад успехот и за тоа зошто неговата дефиниција за неуспех нема многу врска со бизнисот.
Зборуваме и за семејството, односот со сопругата, стравот дека еден ден неговите деца можеби ќе кажат дека не бил доволно присутен, како и за идејата за „баланс“ меѓу работата и животот.
А во последниот дел од разговорот се враќаме на Македонија: зошто за Митко враќањето од Америка барало повеќе храброст од заминувањето, што му пречи во реченицата „тука нема фајде“ и зошто верува дека промената мора да почне од луѓето кои веќе се тука.
Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија. Повеќе на: https://gifto.mk/podari/
Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Повеќе на: https://atgmacedonia.com/
Содржина:
00:00 Интро
01:16 Митко, како си?
04:18 ATG загревање
05:34 Што е ментално здравје за Митко?
07:36 Што би сакал да пишува на неговиот надгробен споменик?
11:24 После 40: време за себе
14:11 Кога од твоите одлуки зависат 40 семејства
16:28 „Не мора јас да сум главен“
21:38 Совршениот Митко и грешките што никој не ги гледа
23:00 Америка, работа и учење преку обид и грешка
29:01 Што е неуспех?
31:21 „Неуспех е ако моите деца кажат дека не сум бил тука“
32:09 Постои ли навистина work-life balance?
33:42 Нема playbook за добар родител
37:05 Што не сака Митко неговите деца да наследат од него?
39:45 Што гледа сопругата што другите не го гледаат?
44:32 Кој го носи товарот на лидерот?
48:11 Зошто треба повеќе да зборуваме за добрите примери?
50:27 Заминување и враќање од Америка
51:31 „Тука нема фајде“ и безнадежноста во Македонија
52:42 Кој е одговорен да смени нешто?
57:34 Компании за кои вреди да се остане во Македонија
01:00:40 Улогата на дијаспората
01:03:53 Дали сите цели мора да ги мериме преку пари?
01:07:04 Прашањето на Митко до публиката
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција
Камера & аудио: Сашко Петровски
Монтажа: Сашко Петровски
Уредник: Сандра Митреска
Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.
---------------
#поткаст #какоси #новаепизода #менталноздравје #млади #Македонија #podcast #podcasting #newepisode #spotify #applepodcasts #youtube #newpodcast #podcastsmk
Otvori na YouTubeu →