O epizodi
„Балканска љубов“ е нов месечен серијал на „Како си?“ со Елена Џебр.
Во првата епизода тргнуваме од местото од кое за повеќето од нас започнува љубовта — семејството.
Каде завршува родителската грижа, а каде почнува контролата? Зошто на Балканот љубовта често ја покажуваме повеќе преку дела отколку преку зборови? Што се случува кога детето сака живот поразличен од оној што го замислиле родителите? И како се поставуваат граници без секоја различност да се доживее како отфрлање?
Со Елена зборуваме и за „црната овца“ во семејството, парентификуваните деца, одговорноста на возрасните деца, емоционалната манипулација, семејните обрасци што ги наследуваме и можноста односите да се поправат и многу години подоцна.
На крај играме и „Red flag или балкански родител?“
Што за тебе значи „балканска љубов“? Пиши ни во коментар.
Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија. Погледни повеќе: https://gifto.mk/podari/
Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Дознај повеќе за ATG овде: https://atgmacedonia.com/
Содржина:
00:00 Интро
01:23 Елена, како си?
04:30 Каде завршува грижата, а каде започнува контролата?
06:02 Балкански родители: Од кое место родителуваат?
15:05 Семејство со ниско или високо ниво на диференцијација - Феноменот на црната овца
18:50 Парентификувано дете
22:12 Уметноста на односите: граници и одговорност
28:37 Криење на чувства: емоционална манипулација
31:47 Разлики помеѓу македонските и американските семејства
38:20 Ништо не е црно бело: отвореност за поправка на односот
43:11 Вечно дете и автономија во односите
45:42 Семејно стебло: зошто сум таков како што сум?
49:37 Red flags или балканска љубов?
53:03 Слобода и одговорност: еден однос може да помине низ многу поправки
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција
Камера & аудио: Сашко Петровски
Монтажа: Сашко Петровски
Уредник: Сандра Митреска
Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.
---------------
#поткаст #какоси #новаепизода #менталноздравје #млади #Македонија #podcast #podcasting #newepisode #spotify #applepodcasts #youtube #newpodcast #podcastsmk
Otvori na YouTubeu →