O epizodi
Во новата епизода на „Како си?“ разговаравме со Живко Барбутов за менталното и духовното здравје, отфрленоста, промената на животниот правец, товарот што го носи еден пастор, молитвата кога работите не се менуваат и потребата да имаме луѓе кои ќе ни ги постават прашањата што можеби не сакаме да ги слушнеме.
Зборуваме и за границата меѓу пасторалната грижа и професионалната помош за менталното здравје, зошто Живко сака неговата вера да биде предизвикана, како социјалните мрежи нè затвораат меѓу истомисленици и што значи за него намерно да биде татко.
Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија. Повеќе на: https://gifto.mk/podari/
Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Повеќе на: https://atgmacedonia.com/
Содржина:
00:00 Интро
01:14 Живко, како си?
01:29 АТГ загревање
02:50 Што е за тебе ментално здравје?
11:18 Каков бил Живко пред 20 години?
16:00 Чувство на страв
21:09 Како изгледа живот на еден пастор?
27:21 Која е цената? Што се случува кога молитвата не функционира?
34:16 Менталното здравје и духовната корумпираност
43:59 Можност за одлука и слободен избор
46:53 Што е тоа Алфа курс?
56:03 Татковството и воспитување на децата
01:01:43 Прашање за слушателите
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција
Камера & аудио: Сашко Петровски
Монтажа: Сашко Петровски
Уредник: Сандра Митреска
Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.
---------------
#поткаст #какоси #новаепизода #менталноздравје #млади #Македонија #podcast #podcasting #newepisode #spotify #applepodcasts #youtube #newpodcast #podcastsmk
Otvori na YouTubeu →