Дебели Гикови · 2 h 53 min

„Хроники на Златниот Даб“ - Eпизода 1 | Дебели Гикови и Пријателите

18. 07. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

🎲 Добредојдовте во првата епизода од новата рубрика „Дебели Гикови и Пријателите“ 🐉

Подгответе се за авантура каква што не сте виделе досега, полна со магија, хаос, смеење и многу играње улоги и импровизација! Добредојдовде во Дебели Гикови и Пријателите играат DUNGEONS & DRAGONS!

Оваа нува рубрика и нов сегмент е за сите љубители на D&D но и за луѓето коишто никогаш немале допир со играта. Во следните четири епизоди, „Дебелите Гикови“ здружуваат сили со пријателите од Воен Чекан, Зандана и Кантрип, за да зачекорат во еден свет каде што се е возможно, и свет којшто е нападнат од злото!

📌 Во оваа прва епизода најголемиот фокус е ставн кон запознавање на карактерите коишто ќе ги гледате и во оваа епизода и во наредните, но дополнително и запознавање со целиот свет.

Карактерите не се баш подготвени... не се ни храбри... Ама дефинитивно ќе направат нешто огромно!

Најголема благодарност сакаме да дадеме кон сите наши пријатели коишто овозможија се ова да се случи!

Првично сакаме да се заблагодариме на Златен Даб коишто го овозможија овој серијал да не е само оставен на муабет, туку да биде реалност!

Огромна благодарност до Радмила од „Cantrip“ местото каде што беше снимена целата оваа кампања. Cantrip е ексклузивна продавница за D&D работи каде што може да се најде буквално се можно што ви е потребно. Дополнително е местото каде што можете да си закажете термин со екипа да дојдете да играте D&D.

Посетете го сајтот на Cantrip: https://cantrip.mk
Заследете го Cantrip на Instagram: https://www.instagram.com/cantrip.mk/

Мега-Гига огромна благодарност до Јасна од „Зандана“. Најголемата заедница во Македонија за D&D играчи којашто се состои од почетници и ветерани. Благодарение на нив можете да најдете екипа за играње, можете да научите да играте D&D и многу други работи!

Дефинитивно треба да ги заследите: https://www.instagram.com/zandana.mk/
И да се приклучите на нивниот Дискорд: https://discord.gg/w9fmZwGC

И огромна благодарност до нашиот Dungeon Master Рики и колегата Нено од „Воен Чекан“. Се работи за најголемата Македонска заедница за сите воени игри коишто се играат со минијатури и на маса. Спесифично се фокусирани на Warhammer, но и на многу други!

Дефинитивно треба да ги заследите: https://www.instagram.com/voenchekanofficial/
И да се приклучите на нивниот Дискорд: https://discord.gg/T3dcfGwU

И нормално, да се заблагодариме сами на себеси - Дебели Гикови

🔔 Претплатете се за да не ги пропуштите следните епизоди од кампањата!
👍 Лајкувајте, коментирајте и споделете со сите љубители на D&D – и не заборавајте:

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

07. 11. 2024. · 2 h 20 min

ЗАНДАНА.МК - Дебели Гикови Подкаст | С02Е06

Dungeons & Dragons (D&D), е фантази друштвена игра, каде што играте некоја одредена улога (RPG), создадена од американските дизајнери на игри Ернест Гери Гигакс и Дејвид Арнесон во 1974 година и објавена истата година о…

01. 11. 2024. · 2 h 52 min

Емилија Стојменовска - Дебели Гикови Подкаст | С02Е05

Доколку го пребараме значењето на зборот „Авантура“ тоа би не довело до сознание дека тоа значи „необично и возбудливо или смело искуство“. Тоа кога ќе го слушне било кој дефинитивно би се согласил дека е баш така и е н…

26. 10. 2024. · 2 h 21 min

Стефан Николовски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е04

Стрипот е една од најубавите уметности што постојат на светотот, па затоа е познат и како деветтат уметност која што може да се каже дека датира уште од првите слики кои што се цртани од праистористките луѓе на ѕидовите…

17. 10. 2024. · 2 h 14 min

Виктор Главиновски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е03

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време за малку да се разговара на општи гиковски теми како што се гејминг, гандам, серии кои што сме ги гледале порано, и на многу носталигчни теми! Нор…

11. 10. 2024. · 2 h 43 min

Никола Кузмановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е02

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време малку да се стават стриповите на страна, и повеќе да се фатат книгите во рака. По тој повод, на гости Дебелите Гикови го имаа Никола Кузмановски, ч…

03. 10. 2024. · 1 h 29 min

Чамче Муабети со Марио и Огнен - Дебели Гикови Подкаст | С02Е01

Помина летото, поминаа сите обрвски, и конечно Дебелите Гикови се вратија во студиото да ја започнат својата долгоочекувана втора сезона!!! Како што е редот, Дебелите Гикови Марио и Огнен влегоа со една експлозија во б…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku