Дебели Гикови · 2 h 0 min

Александар Михајловски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е32

12. 06. 2025. · 150 epizoda
O epizodi

Александар Михајловски - Син на Мајка - Дебели Гикови С02Е32

🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴

Во оваа ексклузивна епизода на Дебели Гикови Подкаст, чест ни беше што гостин ни беше Александар Михајловски, на јавноста познат и како Хонда – актер, креатор на урнебесни видеа, но и страствен гејмер со богато сценско искуство!

Разговорот го започнуваме со неговиот неверојатен подем на Инстаграм, каде што со голем број на креативни видеа и автентични ликови како Рики Бандаж, Цеце Фит, Перо Муња, и многу други – успеа да освои илјадници следбеници и да собере милиони прегледи. Откриваме како се родија тие карактери, од каде црпи инспирација и што значи да се биде автентичен во време кога сите се обидуваат да бидат „релевантни“.

Но, зад камерата и хуморот, се крие вистински гиковски дух. Затоа следниот дел од епизодата го посветивме на неговата љубов кон видеоигрите – од првите доживувања со игри како дете, преку сите генерации на конзоли, па сè до денешниот гејминг живот. Муабетот е исполнет со анегдоти, сеќавања и споредби помеѓу старото и новото гејмерско време.

Капнаа машки солзи на третиот дел...

Третиот фокус ни е можеби и најдлабокиот – актерската кариера на Хонда. Разговараме за неговото образование, искуствата со различни претстави, и посебно се задржуваме на неговата улога во моќната и ангажирана театарска претстава „Ничија Земја“.

Нема многу да кажеме за него, сакаме да го запознаете директно од подкастот којшто го направивме ❤️

📺 Секоја недела нова епизода ексклузивно на YouTube каналот: Дебели Гикови

🎙 Дебели Гикови Подкаст

Powered by:
@goblingamesmk @fatkitchenbistro

0:00 - СТАРТ
00:01:20 - Првиот надимак - Франција '98
00:03:40 - Скопје е град на Уметноста
00:04:30 - Пробување Фет Кичен
00:08:15 - Театар или Инстаграм Слава
00:22:35 - Рики и Роки
00:29:50 - Прашање од Дениз Абдула
00:32:00 - Први гејминг искуства
00:36:30 - Тони Михајловски како Родител
00:44:30 - ГЕЈМИНГ МУАБЕТИ
1:09:00 - СПОРТ И МОТИВАЦИЈА
1:32:00 - ЕПП со Дебели Гикови
1:35:30 - Претставата Ничија Земја
1:43:00 - На иста сцена со Тони Михајловски
1:54:00 - ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ


#ДебелиГикови #дебелигиковиподкаст #ДебелиГикови #дебелигиковиподкаст #Подкаст #debeligikovi #debeligikovipodcast #podcast #MakedonskiPodcast #madeinmacedonia #Macedonia #Македонија #Makedonija #Popculture #MacedoniaPopculture #popculturemoments

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

21. 05. 2026. · 2 h 19 min

Бојан Николов „CRAPWERK“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е30

Crapwerk 20 години Блог - Бојан Николов - Дебели Гикови С03Е30 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Во оваа епизода на Дебели Гикови ни гостуваше Бојан Николов – Crapwerk, човекот кој веќе 20 години…

14. 05. 2026. · 1 h 52 min

Павле Димковски „ПАКИ“ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е29

Паки на Подкаст - Павле Димковски - Дебели Гикови С03Е29 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify Во оваа епизода на Дебели Гикови ни гостуваше човек што многумина го знаат од различни страни, но ретко …

07. 05. 2026. · 1 h 48 min

Сибел Абдиу - Дебели Гикови Подкаст | С03Е28

Со серијата „Чаршија“ градиме еднаквост - Сибел Абдиу - Дебели Гикови С03Е28 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify 🎙️ Во новата епизода на „Дебели Гикови“ ни гостуваше Сибел Абдиу, режисерка чија при…

30. 04. 2026. · 1 h 37 min

Тамара Ристоска - Дебели Гикови Подкаст | С03Е27

Тамара Ристоска првпат на Подкаст - Дебели Гикови С03Е27 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify (0:00) - Отварање епизода (02:20) - Најава на гостин (05:00) - Подкастот на Тамара (10:50) - Подкаст со…

23. 04. 2026. · 2 h 17 min

Радмила Бошкова „D&D# - Дебели Гикови Подкаст | С03Е26

Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст ни гостува нашата драга пријателка Радмила Бошкова — една од најголемите двигатели и промотери на Dungeons & Dragons во Македонија, како и сопственик и основач на првата специјал…

16. 04. 2026. · 1 h 44 min

Фет Цацко - Дебели Гикови Подкаст | С03Е25

Цаци со најдобрите бургери повторно на Подкаст после една година 🍔🌯👨‍🍳 🔴📺 Епизодата е достапна за гледање на YouTube и Spotify - ЛИНК ВО БИО ✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм: 🍔 Fat Kitchen Bis…

09. 04. 2026. · 1 h 46 min

Сара Климоска - Дебели Гикови Подкаст | С03Е24

Актерката со домашна, балканска но и светска кариера - Сара Климоска - Дебели Гикови Подкаст С03Е24 🎬🎭 Во оваа епизода на Дебели Гикови Подкаст, ни беше огромна чест што ја имавме Сара Климоска, една од најуспешните ма…

02. 04. 2026. · 1 h 41 min

Драган Цветиќ - Дебели Гикови Подкаст | С03Е23

Во Македонија можеш да живееш од хоби и тоа да е Макетарство? 🤔🛠 📺 Дебели Гикови Подкаст С03Е23 🎙 Драган Цветиќ - Професионален макетар со 30+ годишно искуство 📆 02.04.2026 - 20:00h ✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Под…

26. 03. 2026. · 1 h 49 min

Филип Тасевски „ФИЦ“ - Дебели Гикови Подкаст | СО3Е22

Новиот Почеток ќе слават 25 години - Филип „ФИЦ“ Тасевски - Дебели Гикови СО3Е22 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, ни гостуваше Филип Тасевски „Фиц“ фронтменот на бендот кој во 2027 …

12. 03. 2026. · 1 h 57 min

Златко Ѓелески - Дебели Гикови Подкаст | С03Е21

Оскаровска Вечер 2026 со Златко Гелески - Дебели Гикови Подкаст С03Е21 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ ЛИНК ВО БИО 🔴 Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, ни гостуваше Златко Ѓелески, еден од најпрепознатливите филмски к…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku