Дебели Гикови · 2 h 34 min

Гоце Цветановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е10

05. 12. 2024. · 150 epizoda
O epizodi

Пред нешто помалку од еден век, во далечната 1937 година, студиото Волт Дизни го направи првиот долгометражен анимиран филм и му го претстави на светот како нешто ново коешто ја промени иднината засекогаш. Се работи за филмот „Снежана и Седумте Џуџиња“.

Анимираните филмови стануваат секојдневно сè повеќе популарни, постои силна конкуренција и натпревар кој ќе направи филм со подобра анимација и приказна. Иако Македонија е позната по детските програми и анимирани серии, интересно е што првиот наш долгометражен анимиран филм, ќе пристигне во 2024 година.

За да дознаеме повеќе за филмот, Дебелите Гикови на гости го имаа Гоце Цветановски, кој е наш наградуван режисер и продуцент, кој има студирано сценарио и режија во Париз. Тој е прв Македонец кој е споменат во престижниот магазин „Rolling Stone“ како режисер на спотот на Faith No More. Во Македонија е познат по неколку филмови, но најмногу по детската анимирана серија „Биби и Боби“. А, сега тој го режира и првиот македонски долгометражен анимиран филм.

Уживајте во Дебели Гикови

Секоја недeла нова епизода на YouTube Каналот на Радио МОФ и Дебели Гикови

И нормално најголема благодарност на Радио МОФ за неизмерната подршка која што ни ја нудат!

Otvori na YouTubeu →

Sve epizode

07. 11. 2024. · 2 h 20 min

ЗАНДАНА.МК - Дебели Гикови Подкаст | С02Е06

Dungeons & Dragons (D&D), е фантази друштвена игра, каде што играте некоја одредена улога (RPG), создадена од американските дизајнери на игри Ернест Гери Гигакс и Дејвид Арнесон во 1974 година и објавена истата година о…

01. 11. 2024. · 2 h 52 min

Емилија Стојменовска - Дебели Гикови Подкаст | С02Е05

Доколку го пребараме значењето на зборот „Авантура“ тоа би не довело до сознание дека тоа значи „необично и возбудливо или смело искуство“. Тоа кога ќе го слушне било кој дефинитивно би се согласил дека е баш така и е н…

26. 10. 2024. · 2 h 21 min

Стефан Николовски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е04

Стрипот е една од најубавите уметности што постојат на светотот, па затоа е познат и како деветтат уметност која што може да се каже дека датира уште од првите слики кои што се цртани од праистористките луѓе на ѕидовите…

17. 10. 2024. · 2 h 14 min

Виктор Главиновски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е03

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време за малку да се разговара на општи гиковски теми како што се гејминг, гандам, серии кои што сме ги гледале порано, и на многу носталигчни теми! Нор…

11. 10. 2024. · 2 h 43 min

Никола Кузмановски - Дебели Гикови Подкаст | С02Е02

Во новата епизода на Дебели Гикови Подкаст, гиковите рекоа дека е време малку да се стават стриповите на страна, и повеќе да се фатат книгите во рака. По тој повод, на гости Дебелите Гикови го имаа Никола Кузмановски, ч…

03. 10. 2024. · 1 h 29 min

Чамче Муабети со Марио и Огнен - Дебели Гикови Подкаст | С02Е01

Помина летото, поминаа сите обрвски, и конечно Дебелите Гикови се вратија во студиото да ја започнат својата долгоочекувана втора сезона!!! Како што е редот, Дебелите Гикови Марио и Огнен влегоа со една експлозија во б…

Moji favoriti

Vaše omiljene stanice spremljene su na ovom uređaju.

Oglas
Balkan Radio
Reklama je u tijeku